Задутре, понеделник 3.август ќе започнат подготовките на ЖРК Вардар за новата сезона 2020/2021 година.
Најпрвин ќе има состанок на тимот потоа ќе се обработи првиот тренинг. Истиот ќе се одвива на фудбалскиот терен крај Спортскиот центар “Јане Сандански” во Скопје. Ристова ќе го има целиот ростер на располагање, за голманите и понатаму задолжен е Царчев.