Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Итана Грбиќ: Благодарност до тренерот за укажаната доверба и шанса.
Итана Грбиќ: Благодарност до тренерот за укажаната доверба и шанса.

Итана Грбиќ: Благодарност до тренерот за укажаната доверба и шанса.

Екипата на Жрк Вардар во саботата ја забележа првата победа во втората групна фаза од Лигата на Шампионите. Тие во С.Ц.Јане Сандански забележаа убедлива победа против словенскиот шампион, екипата на Крим Меркатор. На овој меч шанса за настап доби и младата црногорска интернационалка Итана Грбиќ која одлично ги искористи своите минути за игра.

-Секако дека најголемата благодарност и припаѓа на тренерот на укажаната доверба и шанса, и на моите соиграчи за големата подршка. Чуството беше прекрасно, задоволство ми беше да се најдам во составот и да настапам за оваа екипа во лигата на шампионите.

Својот прв гол во најголемото натпреварување, Грбиќ го постигна токму во дресот на Вардар на саботниот натпревар.

-Секако дека ми е драго што успеав да постигнам гол, и се надевам дека е ова само почеток, и дека во иднина ќе има уште многу. Голема благодарност на навивачите кои дојдоа да ни пружат подршка во текот на сите 60 минути, изјави Итана Грбиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски

Leave a Reply