Прво место за кадетките на Жрк Вардар е епилогот од завршениот турнир-Вардар“еден живот,една љубов, кој во периодот од 14-18 јануари се играше во Скопје.Тие на крајот беа најдобри во својата генерација,со пресврт во финалниот натпревар против екипата на Велкова 5.
Резултатите кои ги постигнаа на турниров се следниве:
1.ЖРК Вардар-Рк Вардар ДБ 20:0
2.ЖРК Вардар-Рк Илинден Вардар 18:2
Финале:ЖРК Вардар-Рк Велкова 5 15:10
Нивниот голман Јована Мицевска ни даде едно свое видување за целокупниот турнир.
-Најпрво би изразила благодарност до организаторите и до сите оние кои се потрудија организацијата на овој турнир да биде на високо ниво.На турнирот успеавме да го дадеме најдоброто од себе,затоа и резултатот беше на високо ниво.Позитивните впечатоци ги делиме сите соиграчи,бидејќи сме презадоволни од се она што се случуваше за време на траењето на турнирот.Првото место е голема мотивација да вложиме дополнителен труд и повторно да бидеме најдобри на престојните турнири што не очекуваат и во првенството.
За најдобар голман на турнирот,беше избрана Јована Мицевска.
-За мојот личен успех најпрво благодарност до моите тренери,Александар Царчев,главниот тренер Благојче Весиќ,и Билјана Пецевска кои работат напорно со нас и истовремено ми овозможија да застанам на голот и да ги бранам нашите клубски бои.Наградата ми е само мотив да работам уште повеќе,и ова е само почеток се надевам на сите понатамошни успеси што не очекуваат.После наградата се чуствувам прекрасно.Голем допринос за неа имаат моите соиграчи и тренери.Затоа истата ја споделувам со нив,изјави Јована Мицевска за нашиот сајт.
20.01.2015
Звонко Ивановски