Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > СЕДИ ДОМА! Гледај како ЖРК Вардар млад и “отпишан“ дојде до Куп „сребро“ (ВИДЕО)
СЕДИ ДОМА! Гледај како ЖРК Вардар млад и “отпишан“ дојде до Куп „сребро“ (ВИДЕО)

СЕДИ ДОМА! Гледај како ЖРК Вардар млад и “отпишан“ дојде до Куп „сребро“ (ВИДЕО)

Во време на пауза поради пандемијата од Корона вирусот ни останува да се присетиме на блесоците на вардаровите екипи од перетходно. На ред е тимот на ЖРК Вардар, овој тим кој изминатата сезона од кадетска „рипна“ дирекно во сениорска лига имаше дузина блесоци, но дефинитивно најсјајниот беше во Купот на Република Македонија.

f9

Најмладиот тим во лигата успешно ги мина квалификациите иако отпишан, замина и на Ф-4. Таму исто така не се очекуваше ништо посебно поради неисуството сепак тие отидоа чекор понапред, обезбедија финале. Успеаа да се борат за пехар, завршија како „сребрени“, но ги освоиа срцата на македонската ракометна публика. Во полуфиналето доминиравме над Стружанка, поискусниот тим го победивме со девет гола позитива, 27:18 (16:12).  На тој меч блесна  кај нас десниот бек Костовиќ со 8 гола, ја следеше брзоногото крило Ѓеорѓиевска со 5 одлични беа и голманките на црвено-црните:  Грујовска и   Илиќ  со по 7 одбрани.

f999

Во финалето голема борба се водеше за секоја топка, кумановки како домаќини водеа на одмор со 11-9, ние во вториот дел успеавме иако никој не очекуваше да се вратиме и да играме егал-меч. Во последните 15.секунди напаѓавме за реми беше 23-22, ЖРК Куманово “трепереше“ во последните моменти,  сепак неискуството си го зема данокот и победи домаќинот со 24-22. Во нашиот тим свое шоу имаше голманот Грујовска која одбрани 17 удари истото беше наградено до РФМ, единствена од нашиот тим доби лично признание по мечот (најдобар голман ), другите две награди заминаа кај дами од тимот на домаќинот. Крилото, Трпевска одигра одличен меч и погоди 6 пати, по 4 гола имаа бековите Николиќ и Седлоска.

Двата меча од Ф4 во Куманово преку динамичен видео преглед во кои дуелите се срочени во 15-тина минути ефективно видео од головите и одбраните на голманите погледнете ги на дното од текстот.

f99-660x330

*Видео извештајот од целиот полуфинален натпревар на црвено-црните погледнете го на следниот ЛИНК! Финалниот дуел по кој девојките се закитија со „сребро“, односно видео извештај од истиот може да го погледнете ТУКА!