Тренерот на црвено-црните, Роберто Парондо ќе има две опции на левата бековска позиција за утрешниот дуел од осминфиналето против ППД Загреб. Денес патуваат со тимот германецот Дисингер и црнoгорскиот интернационалец Вуко Борозан.
Германецот се очекува да одигра како стартер, тој е целосно опоравен иако имаше тежок пад во последниот дуел од групната фаза во мечот со европскиот првак во “Јане Сандански“. Борозан не е целосно опоравен и веројатно ќе има “епизодна“ улога во утрешниот дуел. Третиот лев бек, Сергеј Горбок е во последната фаза од опоравувањето, но вардаровиот стручен штаб не сака да ризикува со негов настап на овој дуел.