Викендов, ЖРК Вардар на домашен терен во Јане Сандански беше поразеен во 2.коло од Плеј-офот од тимот ЖРК Куманово. Гостинките на оваа средба дојдоа до победа со резултат 25-29. Ние имавме негатива и на полувреме кога губевме со 11-14. На овој дуел кај нас се истакнаа три дами, Николиќ Милица и Мими Петковски ја завршија средбата со по шест гола, толку успешни интервенции зад своето име имаше и голманот Симона Грујовска.