Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Во среда, на 7.август сите младински екипи на РК и ЖРК Вардар ги „палат моторите“
Во среда, на 7.август сите младински екипи на РК и ЖРК  Вардар ги „палат моторите“

Во среда, на 7.август сите младински екипи на РК и ЖРК Вардар ги „палат моторите“

За да тргне со „среќа“ новата сезона 2019/2020 година, предвидено е во среда на 7.август сите младински ракометни екипи на женскиот и машкиот тим Вардар да означат  старт на подготовките. Четири тима ќе ја започнат новата одисеја.

Андријана Будимир и Ацe Станковски ќе ги стартуваат кадетите на РК Вардар кои и оваа сезона ќе играат во кадетската и машката  младинска лига. Денот ќе започне со утрински кондиционен тренинг на кејот на реката Вардар, попладнето ќе се работи во теретаната при СЦ „Јане Сандански“.

Тренерскиот двоец Платон Анжела и Папуџиева Марија  ќе „прозиваат“ со тимот кој дојде до пионерска и кадетска титула. Овој тим ќе ја започне одбраната на двете круни, пред првенството тие ќе учестуваат и на силен меѓународен турнир.

Зоран Петковски-Зенга и оваа сезона е задолжен за најмладите машки црвено-црни играчи. Пионерите сега се поискусни за една сезона и се очекува да атакуваат на врвот.

Драгана Ристова заедно со Црвенковска ќе ја започнат новата сезона со тимот на ЖРК Вардар. Оваа екипа ќе игра во младинската женска лига и нормално во сениорската каде лани имаа голем успех за вака млад тим. Овој тим ќе биде „десеткуван“ на стартот од подготовките, ќе се работи со повеќе од преполовен капацитет,  бидејќи дури 11 девојки ќе бидат во Италија на ЕХФ Шампионатот.