Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Писонеро: Немаме притисок за Супер глоуб, ќе одиме подготвени
Писонеро: Немаме притисок за Супер глоуб, ќе одиме подготвени

Писонеро: Немаме притисок за Супер глоуб, ќе одиме подготвени

Нова, четврта победа за црвено-црните на овие подготовки, по  трите победи во Требиње, Вардар ја продолжи серијата денес против  Еурофарм Работник. На мечот одигран во Скопје бевме подобри од Еурофарм Работник со  резултат 32-30. Импесиите за оваа средба ги соопшти новиот кормилар на црвено-црните, шпанецот Давид Писонеро:

Игравме сериозно, посебно во одбраната и задоволен сум од сработеното. Имаме уште доволно време да перфекционираме што имаме до патот во Саудиска Арабија. Не чувствуваме притисок на Супер глоуб, едноставно на секое натпреварување играме за победа и трофеј, без разлика дали тоа е Лигата на шампионите, СЕХА лигата, Супер глоуб. Скубе е клучниот ракометар, како и кај моите претходници, тој е „мозокот“ на овој Вардар. Атман се жали на повреда на прстот, не знам кога ќе го имам назад во стројот, но верувајте ќе бидеме спремни во Ријад. Не знам дали ќе купуваме нови ракометари, не размислувам за тоа, единствено работата и подготовките ми се приоритетни-  вели Давид Писонеро.