Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Марија Дамовска:Многу научив од овој турнир.

Марија Дамовска:Многу научив од овој турнир.

Пионерките на Жрк Вардар генерација 2000/2001 го освоија второто место на завршениот турнир Вардар-“еден живот,една љубов“ кој беше во организација на ракометниот клуб Вардар.

Марија Дамовска е  член токму на пионерките на Жрк Вардар и голема надеж на овој клуб и Македонскиот ракомет.Има 14 години и настапува на позицијата среден бек.

Кога се случуват твоите први почетоци со ракометот?

- Ракометот како прва љубов од сите спортови почнав да го тренирам уште од мали нозе.Тренирам веќе 5 години,од кои последната година како пионерка во женскиот ракометен клуб Вардар, на позицијата среден бек.

Како поминува еднa твоја работна седмица?

- Во Жрк Вардар сме под водство на тренерот Анжела Платон,која ги дели со нас сите нејзини искуства и стратегии четири пати неделно со напорни тренинзи.На тренинзите се пронаоѓам себеси како да се изградам во подобар играч и подобар стрелец,но притоа пратејќи ја играта и на постарите играчи.Но и покрај тоа сепак наоѓам време за тековните обврски,како школото и другарувањето со соиграчите и другарите од училиштето.

Кои се идолите на Марија?

-За мене идол секогаш ќе биде Индира Кастратовиќ,од која ги учев и првите мои чекори со ракометот.Од сегашните играчи,најомилена ми е Андреа Лекиќ.

Каде се гледате во иднина,дали сте размислувале на таа тема?

-Со текот на времето научив дека ракометот е тимска игра,и е важно секој играч да допринесе во неа за убедлива победа.Затоа во иднина се гледам како играч во првиот тим на Жрк Вардар,која гордо ќе ги брани боите пред секој предизвик.

Какви се впечатоците од турнирот кој викендов заврши?

-Првиот посериозен предизвик за нас беше во периодот од 14-18 јануари на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“,кој беше наменет за помладите категории на ракометари и ракометарки.Нашата екипа одигра три натпревари,во кои јас настапив на два и постигнав 12 гола.Сакам да упатам голема благодарност до спортскиот бренд Хумел,кој успешно се грижи за секоја наша победа и е секогаш тука за нас.

Токму Марија ја понесе наградата за најдобар играч на турнирот.Колку значи ова за вас?

-Медалот и наградата ми значат премногу,бидејќи се смо потик за понатаму да вложам повеќе во себе и во својата работа на терен.Многу научив од овој турнир,и треба да се поздрави секоја организација на ваквите турнири .Истите допринесуваат за афирмација на ракометот кај младите категории,изјави Марија Дамовска за Вардарфанс.

19.01.2015

Звонко Ивановски

 

 

 

Leave a Reply