Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Анастасија Николовска за Вардарфанс:Сите излегоа задоволни и со полни срца.
Анастасија Николовска за Вардарфанс:Сите излегоа задоволни и со полни срца.

Анастасија Николовска за Вардарфанс:Сите излегоа задоволни и со полни срца.

Кадетките на Жрк Вардар предводени од Благојче Весиќ и Билјана Пецевска го освоија првото место во својата категорија на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ во организација на ракометниот клуб Вардар.

Резултатите кои ги постигнаа се следниве:

1.ЖРК Вардар-Рк Вардар ДБ 20:0
2.ЖРК Вардар-Рк Илинден Вардар 18:2
ФИНАЛЕ:ЖРК Вардар-Рк Велкова 5 15:10

-Како прв турнир сите бевме во очекување на добро организиран собир со квалитетни екипи,како и што му наликува на клубот Вардар.Тоа што го очекувавме и го добивме.Отварањето беше многу спектакуларно и прекрасно.Најдобро организиран турнир каде сум била до сега.Натпреварите поминаа добро,секако во наша корист.Влегувавме на терен со голема мотивација и желба за победа на секој меч.Првиот натпревар го победивме со резултат 20:0,а вториот со 18:2.

Во финалето иако имаа негатива на полувреме,сепак успеаа да направат целосен пресврт во вториот дел и да забележат победа.

-Во големото финале за противник ја имавме екипата на Велкова 5.Овој натпревар не беше лесен како претходните,мораше да се избориме до крај за да го добиеме.Првото полувреме го завршивме со негатива 5:8.Во вториот дел влеговме многу посконцентрирано и со поголема желба за победа.Со таков пристап во играта направивме серија од 10:2,со што на крајот го добивме мечот.

Голем дел од поединечните награди им припаднаа на кадетките на Жрк Вардар.

-После сета возбуда,радост и славење за победата и освојувањето на првото место турнирот “еден живот,една љубов“ ,следуваше затварање на турнирот на кои се доделуваа пехари и медаљи за најдобрите.Освен тоа се доделуваа признанија за најдобар стрелец и играч,и најдобар поединец на сите позиции.

Меѓу нив во идеалниот состав беше избрана и Анастасија Николовска,која ја доби наградата за најдобро лево крило на турнирот.

-На мене ми доделија за најдобро лево крило,и на неколку мои соиграчки.Исто така сме многу горди на нашата Јована Мицевска,која ја понесе наградата за најдобар голман.Овој турнир заврши многу добро и сите излегоа задоволни и со полни срца.Со нетрпение го чекаме истиов турнир и следната година,со надеж дека ќе ни донесат и гости од други земји.Да бидеме добри домаќини,какви и што сме биле до сега,ни изјави Анастасија Николовска за нашиот сајт.

18.01.2015

Звонко Ивановски

Leave a Reply