Денес, во Јане Сандански, тренерот на голмани на ЖРК Вардар, Александар Царчев го одржа последниот голмански тренинг пред почетокот на лигата кој е закажан за утре. Царчев со своите „ангели“ како што ги нарекува ја имаше последната смотра пред утрешната битка.
Според неговите зборови, првотимките Грујовска Симона, Илиќ Андреа и Трајковска Јована биле на ниво, онака како што доликува на едни репрезентативки и пуленки на најдобриот тренер на голманки во земјата.
Новиот ангел, Тамара Ѓорѓиева денес прв пат обработи квалитено и се виде задоволство и насмевка на нејзиното лице. Ова е последна подготовка за утре, кога црвено-црниот тим гостува кај Стружанка. Царчев им даде уште еден имплус, ден пред битката за одличен перформанс.
,