Ракометната федерација на Македонија преку две свои програми одобри финансиски средства за нашиот ЖРК Вардар. Од тимот се заблагодаруваат до „Куќата на ракометот“ за оваа поддршка во овој период во кој целиот спорт за време на глобалната пандемија е во проблеми, особено егзистирањето на женските колективни спортови.
…РФМ обезбеди стрества преку програмата за поддршка на тимовите кои имаат младински екипи и создаваат нови ракометни надежи. Исто така ни се обезбедени стрества и преку програмата за поддршка на „Жената во спортот“ …
Од нашиот женски ракометен тим „Вардар“ искажуваат голема благодарност до федерацијата за средства наменети за дамите во спортот и за создавањето на млади играчи, нешто што е може и најсилната страна на овој Вардар. За напомена имаме дузина кадетски, младински и сениорски репрезентативки од нашите редови. Во овие тешки времиња за женскиот спорт, црвено-црните посебно ја ценат поддршката од матичната федерација која со овие средства го потпомага отежнатото функционирање на клубовите. Ваквите програмиќе донесат повисоко ниво на подготовка на двата наши тима кои вредно работат и напредуваат. Времето во кое се одобрени истите овозможува на тимот да може да планира активности пред почетокот на пролетниот дел каде што не очекуваат многу напреварувачки предизвици.
Вардар како тим ја цени “подадената рака“ од федерацијата и искажува голема благодарност истата.