Пирова победа на Македонија на ЕХФ Шампионатот во Скопје, ние го совладавме Косово, но бидејќи Ф.Острови беа вчера подобри од Холандија, тие две селекции идат во полуфиналето.
Црвено-жолтата селекција по крајот на групната фаза успеа да го освои 3. место во Групата Б и да се влезе во битка од 5. до 8. место.
На вчерашниот дуел во Спортскиот центар Јане Сандански победивме со 33:16. Македонија го реши победникот на средбата уште во првите 30 минути, на одмор се замина со 16:7. Вториот дел беше чиста формалност.
Седлоска беше прв стрелец со 8.гола, од вардарки Миновска погоди 3.пати и еднаш Џатевска. Одлична беше на голот Трајкоска Јована, таа е прва македонска голманка која на овој ЕХФ шампионат дојде до двоцифрен учинок. Јоци сопре 11.удари на девојките од Косово.