Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар го победи шампионот на Србија- Јагодина, Трајкоска со клучна одбрана во 1.коло од „Ѓорче Купот“
Вардар  го победи шампионот на Србија- Јагодина, Трајкоска со клучна  одбрана во 1.коло од „Ѓорче Купот“

Вардар го победи шампионот на Србија- Јагодина, Трајкоска со клучна одбрана во 1.коло од „Ѓорче Купот“

Вечерва, ракометарките на ЖРК Вардар имаа победнички старт на турнирот „Ѓорче Петров Куп“, откако славеа над српскиот шампион Јагодина со 25-24. Девојките успеаа со победа да стартуваат во ова прво коло и да си овозможат со победа утре над Деспина место во финалето.

Избраничките на Драгана Ристова отворија одлично, имаа водство го контролираа резултатот се до 15-12. Потоа  српските ракометарки на шампионот на нашиот сосед   со серија од 0-4, направија пресврт и заминаа на одмор со предност од  15-16. Во вториот дел Јагодина водеше со два гола, 16-18, но црвено-црните дами  набрзина се вратија, израмнија на 18-18 и потоа се играше гол за гол. Клучниот момент беше на 20-25.секунди до крајот ривалот од Србија имаше напад, бевме со играч помалку во поле. Одлична интервенција на нашиот гол имаше Јована Трајкоска која спречи реми и ни обезбеди минимална победа 25-24.

Трпевска беше прв стрелец со дури 10.гола, Стојановска постигна 5.гола, а Костовиќ, Галевска и Дамјаноска  имаа по 2 гола. Кај голамните, Илиќ впиша 7.одбрани, Трајкоска сопре 4.топки.