ЖРК Вардар по 3.години повторно играше во европско клупско натпреварување, по заминувањето на “ѕвездениот тим“ сениорскиот состав се формираше од кадетската екипа. Тој тим од пионери го водеше Драгана Ристова, по три години созревање на домашната сениорска сцена тимот започна со европска одисеја. Ристова која со девојките мина пионерска, кадетска, младинска и сениорска лига дочека своите пуленки да ги води и на овој предизвик. Таа повеќе од половина деценија го подготвуваше тимот за оваа фаза, токму со неа разговараме како најзаслужна за формирањето на оваа екипа.
За почеток бараме одговор како се чуствува Ристова, тренерот кој овие девојки започна да ги води во пионерска конкуренција. Доживеа она што е сон на секој тренер кога ќе започне со една генерација од најмлади години, настап и успех на меѓународна сениорска клупска сцена.
Да бидам искрена, мене ми е навистина гордост и сум пресреќна што успеавме да минеме едно коло во ракометна Европа со моите девојки, единствени од сите мак.претставници. Ова е награда за целокупната работа години наназад на нас како тим. Навистина имавме доста осцилации, но деби настап ни е, сепак одигравме квалитетно и она што го работам со нив изминатиот период дојде до израз во вистински момент.
Приштина веќе е решена дилема, дојдовме до две победи на двата меча и се пласиравме во следната фаза. На Ристова и недостасуваа и стартери, сепак успеа да го донесе тимот во 3.коло од ова европско женско клупско натпреварување.
Немањето на меѓународно клупско искуство и самиот притисок, посебно што ова е прв меѓународен настап за девојки си го направи своето. Имавме едно совршено полувреме, а друго со куп технички грешки, сепак бевме пресилни како тим за Приштина. Задоволна сум од се што прикажавме со косовскиот тим на двата меча, ако зе земе во обзир и дека игравме и без двајца клучни играчи, голманот Трајкоска Јована и пикерот Џатевска Ивана задоволството е уште поголемо од перформансот со овој ростер.
Веќе е познат ривалот за идното, третто коло во Европскиот куп на црвено-црните девојки. Во истото ќе се соочиме со тим од Холандија, станува збор за екипа на Јуро Унирек.
Кога станува збор за следниот противник во Европскиот куп, од она што досега го видов, а ќе имаме дополнително време за анализа воошто не станува збор за наивна екипа. Сепак не е нешто од кое треба да се плашиме, нашиот настап и самодоверба треба да бидат на повисоко ниво во ова следно коло. Се надевам на успех и дека ќе уживаме во тој двомеч со тимот од Холандија.
Кога сме кај домашната лига нејзините девојки се лидери на табелата, имаат максимален ефект и како фаворити влегуваат во финишот на оваа полусезона да завршат како првопласирани. Сепак ги очекуваат сериозни предизвици во низа, Стружанка, па Ѓорче Петров и Металург.
Досега имаме 100% ефек во лигата, се надевам дека ќе продолжиме во исти ритам до зимската пауза, сакам да бидеме сите фит да немаме повреди за да ги исполниме целите. Сепак ние идеме дуел по дуел, па ќе видиме како ќе излезе на крајот од целата сезона. Не сакам да ја прогнозирам и да кажувам очекувања за целата сезона, мојот метод е да влегуваме максимално сконцетрирани во сите мечеви, да се бориме за секоја топка со девојките, па на крајот остварениот резултат ќе биде приказ на нашата работа и залагање-завршува Ристова.