Еден од најталентираните млади голмани во земјава, Симона Грујовска и ЖРК Вардар како што ви објавивме пред десетина дена, ставија крај на соработката која траеше повеќе од половина деценија. На младиот 18.годишен голман и на црвено-црните им се разделија патиштата.
Грујовска која помеѓу другото го имаше признанието „најдобар голман“ во сениорска конкуренција на Куп завршницата во Куманово и беше најмлад голман со сениорско признание замина токому во тимот против кој го освои истото. ЖРК Куманово е нејзина нова дестинација каде ќе го продолжи својот ракометен пат.
Тимот на Куманово на официјалната нивна страница ја објави оваа вест, каде се вели:
Почитувани фанови,
Ви го претставуваме новото засилување на ЖРК Куманово, голманот Симона Грујовска.
Грујовска е поранешен играч на ЖРК Вардар и е на поширокиот список на репрезентацијата на Македонија.
Добредојде Симона!
#плавобелосемејство
#жрккуманово