Младинките на ЖРК Вардар со победата, денес кај Илинден го потврдија учеството на Ф-4 како лидер во групата.
Ривалот поведе на почетокот, ние со два гола на одличната особено пролетва, Стефаноска го преземавме водството (1-2). Илинден успеваше да парира во почетните минути на мечот дури и на средината на првиот дел изедначи на 5-5. Вардарки заиграа поангажирано во одбраната, на голот Ѓорѓиевска одбрани два удара па со серија 0-4 поведовме со 5-9 по голот на Борјана Коцева од контра. Од минута во минута бевме подобро па разликата и порасна на одмор заминав е со шест гола повеќе, односно со резултат 9-16 за нас.
Во вториот дел на овој последен дуел од младинската група-А во која со максимални 30.бода патуваме на Ф-4 се беше како во првиот дел. Вардарки беа поконкретен противник во салата “Гоце Делчев” и победија со 32-19.
Коцева Бојана даде 6.гола, по 5.гола имаа Коцева Борјана и Попова Нина, а Сара Стефаноска додаде 4.погодока.
На голот Вероника Ѓорѓиевска одбрани 6.одбрани, а Марија Галачева сопре 5.топки.