Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар лесно преку Куманово, до завршницата на купот
Жрк Вардар лесно преку Куманово, до завршницата на купот

Жрк Вардар лесно преку Куманово, до завршницата на купот

Екипата на Жрк Вардар ќе игра на завршниот турнир во купот на Македонија. Денес во малата сала во С.Ц.Јане Сандански беа подобри од екипата на Куманово, забележувајќи висока победа со резултат 44:22. Ова беше финален меч од четврт-финалната група, во која претходно Куманово ја совлада екипата на Чаир. На овој меч Вардарки настапија без својот прв тим, давајќи им шанса за настап на помладите ракометарки кои го изнесоа товарот на овој дуел. Постепено се градеше играта, зголемувајќи го водството. До 17 минута имавме двоцифрена предност, па на полувреме се замина со висока предност од 23:9. Во второто полувреме продолживме со доминантна игра и зголемување на предноста. Младите девојки беа желни за докажување, кое го покажаа и на теренот.

Алена Ихнева беше најдобар стрелец со 11 постигнати голови. Черноиваннеко и Хмирова постигнаа по 7, и Гакидова 6 голови. Голманскиот тандем Петковска-Мицевска имаше вкупно 13 одбрани, од кои 12 и припаднаа на поискусната Петковска. Суслина беше советник и мотиватор за овие две млади и надежни голмани. Настапија и ракометарки кои настапуваат за кадетската и младинската екипа на Вардар. Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Моника Георгиевска и Јована Мицевска беа дел од овој дуел.

Да напоменеме дека и втората екипа на Вардар предводена од Симе Симовски ќе биде дел од завршниот турнир на националниот куп.