Викендов се одигра 14 коло во првенството на фудбалските младински категории.
-Помладите пионери забележаа важна победа во борбата за титулата. На гостински терен, високо ја поразија екипата на Работнички, со резултат 1:4. Јакуп Бериша, Марко Ѓоргиевски, Кристијан Ристовски и Мартин Филипоски беа стрелци на погодоците за црвено-црните.
-Пионерите по поразот во купот од Работнички, денес за малку им избега победата откако во последните минути примија погодок за нерешени 1:1. Капитенот Дејан Маркоски стрелаше за нашиот тим.
-Кадетите продолжуваат со победничкиот поход кон освојување на Шампионската титула во оваа категорија. Ни екипата на Работнички не успеа да им застане на патот кон нов триумф. Конечниот резултат беше 2:0. Капитенот Борјан Тодоровски и голгетерот Виктор Димков погодија за Вардар.
-Младинците никако не успеваат да се вратат на победничките патеки. Иако имаа три стопроцентни шанси, сепак мрежата и на двата тима остана незатресена, па на крајот се заврши со почетните 0:0.
Во следното 15 коло, противник е екипата на Металург.
фото- ТК Медиа