Македонската женска репрезентација денес ќе го игра натпреварот од 5. коло во ЕХФ Евро Купот против селекцијата на Норвешка. Во Скопје, европскиот и светски првак гостува без главните ракометарки, но и покрај тоа останува фаворит на мечот. Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот, селекторот на црвено-жолтите го одреди стартниот состав ... Read More »
Author Archives: М.Т - Лико
Листа на стрелци и одбрани на ЖРК Вардар по 10.кола во Плеј-офот
На сцена во женската ракометна лига е пауза поради ЕХФ-неделата, стандардно правиме пресек на листата на стрелци и одбрани за избраничките на Ристова и Царчев. По 10.коло со 7.победи и 4.пренесени бода сме на позицијата број три на табелата со 25.бода. Во преј-офот постигнавме 291.погодок (просек 29.по меч) и понатака имаме висока ефикасност во нападот што не краси цела сезона. ... Read More »
Одбојкарското 1/2-финале, Вардар-Шкендија со пренос на МТВ
Денес во вториот полуфинален првенствен дуел, Вардар ќе се сретна со одбојкарскиот клуб Шкендија од Тетово. На првата средба тетовачани дојдоа до минимална победа во сетови со резултат 3-2. Денешната средба е закажана со почеток во 21-00 часот, од истата македонската радио и телевизија ќе врши директен пренос. Дуелот ќе се емитува на спортскиот канал на националната телевизија, на МТВ-3. Read More »
Вардарки и Баскет Кам “закажаа” 1/2-финална серија
Екипите на Баскет Кам 2011 и на Вардар се првите две кои обезбедија пласман во следната, полуфинална фаза од плеј-офот во женска сениорска конкуренција. Актуелниот бранител на титулата без никакви проблеми го доби и вториот меч од серијата против екипата на Пробаскет. Беа убедливи и на гостувањето во Кавадарци, славеа со (93:55) и со максимални (2-0) ја затворија серијата. Противник ... Read More »
Kуп! Вардар во 1/2-финалето по убедливата победа над Шкупи кај пом.пионери
Денес на игралиштето во „Хиподром“ , помладите пионери на ФК Вардар го пречекаа Шкупи на меч кој е дел од натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Република Македонија. Црвено-црните со убедлива победа обезбедија 1/2-финале, ние победивме со 5-0 (2-0). Јанев дуелот го започна со следниот состав: Данстак Андреј, Николов Михаил, Ајетовиќ Нуман, Миовски Александар, Порчу Димитар, Јанкоски Драган Николовски ... Read More »
ЖОК Вардар ЕМ со минимален пораз во Струмица
Во 2.коло од плеј-офот, во гости ЖОК Вардар ЕМ го доживеа првиот пораз од дирекниот конкурент за лидерското место кое води во првата лига. тимот на Македонија Макс не совлада со минимални во сетови 3-2 на вчерашниот дел. Домаќинот поведе со 1-0 (25-12), нашите девојки се вратија во игра и изедначија на 1-1 во вториот сет (22-25). Ривалот поведе и со ... Read More »
ЖКК Вардар се пласираше во 1/2-финалната серија по нова победа над МЗТ Скопје
ЖКК Вардар успеа да дојде до полуфиналето од плеј-оф сегментот. Девојките на Александар Ашаданов одлично го одиграа и го добоја вториот дуел од 1/4-финалната серија. На втората средба против МЗТ Скопје, на вчерашниот натпреварот во кој бевме „гости“ во Кале го добивме во наша корист со висока разлика. Триумфиравме со 45.поена повеќе, односно со резулта.т 47-92 Read More »
Вардар ЕМ во 2.коло од плеј-оф гостува во Струмица
Денес, ЖОК Вардар ЕМ во рамки на 2.коло од плеј-оф гостува во Струмица кај главниот ривал за првото место кое носи промоција во првата лига. Подетални информации за овој меч на банерот во продолжение: Read More »
(Фотогалерија) Пионерите на ФК Вардар доминантно со Њу Старс
Викендовизбраниците на Саше Божиноски, пионерите на ФК Вардар беа домаќини на Њу Старс во лигашки дуел. На оваа средба која се одигра во „Хиподром“ ние победивме со високи 4-0 (2-0). Read More »
Со победа денес ЖКК Вардар обезбедува 1/2-финална серија
ЖКК Вардар уште денес ќе може да мине во полуфиналето од плеј-оф сегментот. Девојките на Александар Ашаданов, денес го играат вториот дел од 1/4-финалната серија. Вардарки веќе водат по победата во „Кале“ со 1-0 над МЗТ Скопје, натпреварот попладне во кој сме „гости“ во Кале ќе биде клучен за пласман понатака, истиот е закажан во 17-00 часот. Read More »