Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Author Archives: Д.Гогов (page 169)

Author Archives: Д.Гогов

Тошевски со репрезентативен повик

tosevski

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за првите два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Кристијан Тошевски е единствен играч од ФК Вардар кој се наоѓа на овој список. Повикани играчи: Првиот натпревар Македонија го игра во Скопје против Летонија на 21 март, додека на 24 ... Read More »

(ВИДЕО) Во Манчестер грми „Гелзенкирхен – Скопје”

dshsaas

„Гелзенкирхен – Скопје“ грми денеска низ улиците на Манчестер. Популарните „Уге“ не ги забораваат своите пријатели и браќа од Скопје, па така на спектакуларен начин огромната група низ улиците на Манчестер извикуваше „Гелзенкирхен – Скопје“, нешто што секој натпревар се слуша и на натпреварите на нашиот Вардар. Видеото можете да го погледнете ТУКА. Read More »

Вардар го демолираше противникот со дури 68 поени разлика

kk

Во дербито на дното на табелата, кошаркарите на Вардар го демолираа противникот со дури 68 поени разлика. Уште во првата четвртина се знаеше победникот кога резултатот на семафорот гласеше 40:08. Предноста само растеше, за да на крајот на третата четвртина имаме +68 поени разлика за нас (104:36) и краен резултат 118:59. На овој натпревар шанса добија и младите играчи и ... Read More »

Котов интересен за Вардар!

54279152_415727502522906_7311830621964206080_n

24-годишниот десен бек Александер Котов член на Чеховски Медведи е на „радарот” на тимот на Вардар. Се работи за играч висок 198 сентиметри кој оваа сезона за Чеховски Медведи во Лигата на шампионите постигнал 36 погодоци што го прави најдобар стрелец на овој тим. Вардар веќе извесно време го следи овој ракометар, кој е можно да го засили „црвено – црниот” тим за следната сезона. ... Read More »

(Фотогалерија) “2009” до две победи викендов

sdajsaj

Викендов на терените на ФФМ, ФК Вардар генерација родени 2009 и помали одиграа натпревари од детската лига. Играчите на Илија Колевски дојдоа до две победи во соочувањата со екипата на Њу Старс. Фотогалерија:   Read More »

(Фотогалерија) Победа и пораз на ФК Вардар генер.2010 во соочувањата со Форца

tt

ФК Вардар генерација родени 2010 и помали одиграа натпревари од Детската лига. Вчера на терените на ФФМ, играчите на Илија Колевски дојдоа до една победа и еден пораз  во соочувањата со екипата на Форца. Фотогалерија од овие дуели:   Read More »

Новак се враќа во составот

novak-fkv

По еден натпревар пауза поради акумулирани пет жолти картони, дефанзивецот на Вардар, Евгениј Новак се враќа во тимот за утрешниот натпревар во Струмица против Беласица. Вардар на овој натпревар ќе се обиде да стигне до првата сезонска победа против овој тим, по двата неуспеха и одиграните 1:1, во Скопје и Струмица. На утрешниот натпревар нема картонирани играчи, па така Васоски ... Read More »

Ецкоски главен судија во Струмица

fkv-lira-belasica

Ецкоски Марјан од Охрид е делегиран да го суди натпреварот на Беласица и Вардар. На Ецкоски ќе му помагаат Грданоски Симон и Чакарески Лазе двајцата од Струга, а четврти судија ќе биде Идризи Фуркан од Тетово. Вардар по двата нерешени исходи со Беласица, ќе се обиде да стигне до првата сезонска победа против овој противник. Дуелот се игра во недела со почеток од 14.00 часот. Read More »

Вардар 1/4 финалето ќе го заверува на 30 март од 19.30 часот

kristopans_vardar_zagreb

Познати термините за осминафиналните дуели од ЛШ со ППД Загреб. На првиот натпревар домаќин е хрватскиот тим, и тој е закажан за 23 март (сабота) 2019 година во 20,30 часот во Арена Загреб. Реваншот во Скопје е закажан за 30 март (сабота) 2019 година во 19,30 часот. Вардар доколку ја мине 1/8 финалната пречка, во 1/4 финалето ќе се судри со ... Read More »