Со пораз, македонската фудбалска репрезентација до 19 години го стартуваше меѓународниот турнир во Словенија. Иако имавме предност од два гола, сепак на крајот Македонија загуби со резултат 4:3 од репрезентацијата на Словенија. Македонија водеше со 2:0 и со 3:1, но дозволи во последните 25 минути од натпреварот да прими три гола и да го загуби натпреварот. Цел натпревар за Македонија ... Read More »
Author Archives: Звонко Ивановски
Се огласија и РК Вардар: Нема да играме на Ф4 поради еден позитивен случај
Вардар поради позитивен ракометар на Ковид, нема да игра на завршнот турнир во СЕХА-лигата. Од клубот излегоа со соопштение кое ви го пренесуваме во целост: Иако РК Вардар1961 обезбеди место на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Задар, сепак екипата нема да се појави во полуфиналето. Таму требаше да игра со Мешков Брест. Извршниот комитет на СЕХА лигата донесе одлука ... Read More »
Вујовиќ: Ова е срамота, не ни дозволија да го повториме тестот на Борко
После „кражбата“ што ја направија челните луѓе на СЕХА-лигата, откако не му дозволија на Вардар да се појави во Задар и да игра на завршниот турнир, со реакција се јави тренерот Веселин Вујовиќ, кој вели дека ова е голема срамота. „Каква срамота. Тие велат дека само Борко е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза ... Read More »
КРАЖБА !! Вардар нема да игра на Ф4 во Задар, поради позитивен играч на Ковид
Чудно, но вистинито, Вардар нема за прв пат во историјата на СЕХА-лигата да игра на завршните турнири. Вардар на спортски начин го елиминираше тимот на ППД Загреб, во рамките на 1/4 финалето, но и официјално Вардар нема да има можност да се бори за трофејот. Поради позитивен случај на Корона вирусот кај еден од нашите ракометари, извршниот комитет на СЕХА ... Read More »
Вардар испиша нова историја во СЕХА, стана единствен тим со десет последователни учества на Ф4 турнирите
Вардар испиша нова историја во СЕХА-лигата, откако стана единствениот тим со десет последователни учества на завршните турнири во ова натпреварување. До вчерашниот реванш во Хрватска и екипата на Загреб беше постојан учесник на Ф4 турнирите, но откако беше елиминирана од Вардар, го загуби тој примат. Вардар е најтрофеен тим во СЕХА-лигата со вкупно пет трофеи, додека само еднаш не успеал ... Read More »
Познати термините и саатниците за полуфиналните натпревари на Ф4 во Задар, Брест Мешков е пречката до финалето
Вардар и по десетти пат ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Челните луѓе на ова натпреварување ги одредија полуфиналните двојки, како и термините на одигрување на натпревари на Ф4 турнирот во Задар. Вардар за противник во има тимот на Врест Мешков, додека другата двојка ја сочинуваат екипите на Веспрем и Мотор Запорожје. Натпреварарот на Вардар стартува во терминот од ... Read More »
Македонија У19 на турнир во Словенија, повик за Јовчев, Давков и Ѓорѓиевски
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во периодот од 2-7.септември ќе настапи на меѓународен турнир во Словенија. Селекторот на нашата млада репрезентација, Дашмир Беари, повика четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот Гоце Јовчев, и играчите од одбраната, Грегори Давков и Филип Ѓорѓиевски. Распоред на натпревари: 2.09. 17:30 Македонија – Словенија (Крањска Гора) 4.09. 17:30 Македонија – Саудиска Арабија ... Read More »
Гаџа: Подготвени сме за Загреб, се надеваме на победа
Вардарци го играат првиот натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на ППД Загреб. Каков натпревар не очекува можете да прочитате од изјавата на Анте Гаџа. -Не очекува првиот натпревар во четвртфиналето на СЕХА лигата со Загреб. Мислам дека противникот нѝ е добро познат, се познаваме меѓу себе. Овој дуел доаѓа во незгодно ... Read More »
Среќен роденден Анте Гаџа
Денес свој роденден прославува ракометарот на Вардар, Анте Гаџа. Хрватскиот интернационалец ја игра својата втора сезона во црвено-црниот дрес откако пристигна од екипата на ППД Загреб. Нашаа редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНТЕ ! Read More »
Вардар и Загреб со прва пресметка, борба за пласман на Ф4 во СЕХА-лигата
Вечерва не очекува натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе биде домаќин на екипата на ППД Загреб. Вардар ќе се обиде да стигне до позитивен резултат од првиот натпревар и на тој начин да си ја олесни работата на гостувањето во Загреб. Се работи за екипи кои биле постојани учесници на завршниот турнир во ова ... Read More »