Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 950)

Author Archives: Звонко Ивановски

Вардар не запира со победите, нова десетта последователна победа во сеха-лигата, совладан тимот на Металург

vardarfans-rk

Нашиот ракометен шампион успеа да стигне до својата десетта последователна победа во сеха-лигата. Вечерва во спротскиот центар Јане Сандански избраниците на Раул Гонзалес беа подобри во дербито со градскиот ривал, екипата на Металург. Противникот од Автокоманда прв го отвори резултатот, додека во наредните пет минути, Вардарци преку Дибиров успеваат за прв пат да поведат со 3:2. Следува серија на Металург ... Read More »

Младинците на РК Вардар убедливо го победија Охрид и стигнаа до втората победа во својата група

vardarfans-mladinci-rk-vardar

Младинците на ракометниот клуб Вардар се вратија на победите во групата 1 од младинската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски одиграа добар натпревар со екипата на РК Охрид 2013, која ја добија убедливо со резултат 38:23. Овој меч се одигра во спортско рекреативниот центар Кале. Само во првите десет минути гостинскиот тим беше рамноправен противник, кога резултатот беше израмнет. До ... Read More »

Предраг Радуловиќ: Победата е значајна за подигнување на самодовербата на екипата пред најважниот натпревар во овој дел од сезоната и гостувањето во Автокоманда

vardarfans-radulovic

Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до својата четврта последователна победа во лигата. Избраниците на Чивлачки и Грчевски на домашен терен ја пречекаа екипата на Младинец од Кочани, која ја совладаа убедливо со резултат 32:16. Уште од самиот старт најавивме дека бодовите ќе останат во Скопје, кога поведовме со 5:0. На полувреме имавме двоцифрена предност од 16:6. Предраг Радуловиќ беше ... Read More »

Гласајте за Кањелас и Циндриќ да бидат избрани за играч на колото во ЛШ

vardarfans-glasanje

Ракометарите на Вардар, Жоан Кањелас и Лука Циндриќ се најдоа во идеалниот тим на седмото коло од лигата на шампионите. Црвено-црните одиграа одличен натпревар во Германија, совалдувајќи го шампионот на оваа земја, екипата на Рајн-Некар. Токму споменатите двајца игра беа и најефикасни во редовите на Вардар во големата победа, што им донесе многу важни бодови, во борбата за првото место ... Read More »

(Фотогалерија) Вардаровите генер. “2004“ и “2005“ ги победија најдобрите од останатите регионални школи, на завршниот есенски турнир од “Јуниор“ лигата

14

Финишираше есенскиот дел од фудбалската “Јуниор“ лига. Изминатиов викенд на теренот на академијата се одиграа неколку интересни натпревари кај четири различни возрасни генерации. Вардаровите екипи родени “2004“ и “2005“ година силите ги одмерија со најдобрите состави од регионалните школи кои се дел од овој проект на фудбалскиот клуб Вардар. Избраниците на Ане Андовски забележаа убедлива победа со резултат 13:1. Ние ... Read More »

(Фотогалерија) Како беше на последниот есенски турнир во фудбалската “Јуниор“ лига, кај генерации родени “2006“ и “2007“ година

4

Во неделата на теренот на академијата се одигра завршниот турнир од есенскиот дел во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапија генерациите роден “2004“, “2005“ , “2006“ и “2007“ година. Вардаровите екипи од овие генерации одиграа натпревари против најдобрите од регионалните школи кои се дел од оваа лига. Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година забележаа убедлива победа со резултат 10:2. ... Read More »

(Видео) “Бомбата“ на Кањелас во ТОП-5 најдобри голови на колото во ЛШ

vardarfans-top-5-golovi

Шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар одигра одличен натпревар против екипата на Рајн-Некар и во победата учествуваше со десет свои гола, со кои беше и најдобар стрелец на натпреварот кај двете екипи. Тој беше вистински лидер на тимот на овој натпревар и постигна неколку одлични голови. Еден таков се најде во изборот на ЕХФ за пет најдобри во изминатово коло. ... Read More »

Преглед на групата Б, Вардар по убедливата победа во Германија е лидер на табелата

vardarfans-pregled-7-kolo

Пред нас е седмото коло во лигата на шампиони во машка конкуренција. За нас интересна е групата Б, каде се натпреварува и нашиот ракометен шампион. Вардарци стигнаа до убедлива и многу важна победа кај шампионот на Германија, додека до победи стигнаа уште Пик Сегед и Киелце. Бодовите ги поделија со нерешен резултат екипите на Брест Мешков и Целје П.Л. Одличен ... Read More »

Победи за младинците на РК Вардар Јуниор и пионерките во овој натпреварувачки викенд

vardarfans

Младинците на РК Вардар Јуниор по неколку врзани порази успеа да стигнат до победа во својата група од младинската лига. Избраниците на Пепи Манасков за противник ја имаа екипата на Радовиш, која ја совладаа убедливо со реултат 32:19. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога резултатот беше 19:4. Добрата одбрана на нашиот состав беше пресудна за високата предност по ... Read More »

Кањелас и Циндриќ во најдобриот тим на колото во лигата на шампиони

vardarfans-idealen-tim

Добрата игра на Вардарци против Рајн-Некар не остана незабележана од страна на ЕХФ која смести двајца наши играчи во идеалниот тим на седмото коло во лигата на шампиони. Црвено-црните го надиграа шампионот на Германија на нивни терен, а голема заслуга за тоа имаат Кањелас и Циндриќ, кои воедно беа и најдобри стрелци во нашиот состав. Шпанскиот репрезентативец сигурно го одигра ... Read More »