Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 980)

Author Archives: Звонко Ивановски

Пионерите на ФК Вардар ја поминаа првата пречка во купот, голманот Велковски донесе радост во пенал рулетот

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се пласираа во следната рунда од куп натпреварувањето, откако денес во 1/16 од купот беа подобри од екипата на Металург. Победникот беше решен по изведување на удари од белата точка. Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Стојчески, Антовски, Пешевски, Адем, Бериша, Дарлишта, Стојановски, Ѓорѓиевски. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1. ... Read More »

Пом. пионери на ФК Вардар се елиминирани од купот, Милано беше посреќен во пенал серијата

Пом. пионери на фудбалскиот клуб Вардар ги завршија настапите во купот, откако денес беа поразени од екипата на Милано. Ова беше дуел во рамките на 1/16 од купот, кој му припадна на противникот дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат 2:2. Стрелци на головите за Вардар Ахмед Ернур и Михаил Ристевски. ... Read More »

Ана Звездакоска: “Јуниор лигата“ е одлична идеја која ќе допринесе за полесно откривање на талентираните ракометари

Откако на чело на ракометните црвено-црни клубови дојде рускиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко многу работи тргнаа во позитивна насока. Покрај тоа што добивме спортски центар “Јане Сандански“ каде сите потреби се задоволени на првотимците станавме единствен клуб кој има сала на располагање само на младите категории, а тоа е С.р.ц “Кале“. Сепак тоа ни одалеку не беше се клубот реши ... Read More »

Андреа Седлоска: Задоволна сум од нашата игра и победата на овој прв натпревар во новата сезона

Со победа стартуваше новата сезона за кадетките на Вардар во лигата, кои беа подобри од екипата на Вардар-Неготино. Уште од првата минута на натпреварот имавме водство кое се повеќе се зголемуваше како одминуваше мечот. На полувреме му дозволивме на противникот да постигне само пет гола, напротив 22 погодоци за Вардарки. Уште во овој дел од играта беше јасно кој ќе ... Read More »

Гласајте за Алекс Душебаев за најдобар играч на првото коло во ЛШ

Црвено-црните ја продолжија победничката серија во новата натпреварувачка сезона. После неколкуте сврзани триумфи во сеха-лигата, Вардарци стигнаа до првата победа во најголемото ракометно натпреварување и тоа на гостувањето против екипата на Кристијанштад. Шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар продолжува со добрите игри и уште еднаш го потврди својот квалитет кој го поседува. Алекс беше најефикасен играч во триумфот против шампионот ... Read More »

Куп предизвици за четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар

Четири Вардарови генерации денес ќе одиграат натпревари во рамките на националниот куп. Генерациите родени “2000“, “2001“, “2002“ и “2003“ година после првенствени, свои мечеви ќе одиграат и во ова натпреварување. Помладите пионери во рамките на 1/16 од купот ќе се сретнат со екипата на Милано од Куманово. Овој меч ќе се одигра на академијата од 10 часот. Пионерите под водство ... Read More »

Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот со Горење

Ракометниот клуб на Вардар ве повикува на прес-конференција, која ќе одржи денес со почеток од 13 часот во конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански. Повод е натпреварот од СЕХА-лигата, против екипата на Горење Велење. Овој дуел е на програмата во среда на домашен терен од 17:45 часот. Продолжува силното темпо за нашиот ракометен шампион, кој после триумфот во лигата ... Read More »

Анастасија Нелоска: Колективната игра на нашата екипа беше пресудна за високата победа

Кадетките на РК Вардар СЦЈС со победа ја започнаа новата натпреварувачка сезона. Тие во првото коло за противник ја имаа екипата на Стружанка, која ја совладаа убедливо со резултат 25:14. Пресудна беше добрата одбрана која ја пружија избраничките на Анжела Платон, дозволувајќи на противникот да постигне само четири гола во првото полувреме. По првиот дел имавме исто така убедливо водство ... Read More »

Есмин Личина: Најважно е да го испочитуваме договореното и да ги слушаме советите на тренерот

Вардаровите младинци попладнево заминаа за Австрија, каде утре ги очекува првиот натпревар од првото коло во најголемото фудбалско натпреварување, против екипата на Салцбург. Утрово црвено-црните го имаа последниот тренинг на новиот комплекс во населбата Хиподром. Утрешниот натпревар ќе се одигра во градот Гродиг со почеток од 18 часот. Нашите надежи имаат максимални 15 освоени бодови по првите пет одиграни кла ... Read More »

Алекс Душебаев се најде во идеалниот тим на првото коло во лигата на шампиони

Пред нас е веќе првото коло во ракометната лига на шампиони. Вардарци со победа ја започнаа новата сезона во најголемото ракометно натпреварување. На гостувањето во Шведска, совладана беше екипата на Кристијанштад со резултат 23:28. ЕХФ го избра идеалниот тим на првото коло во лигата на шампиони. Во него се најде и нашиот Алекс Душебаев кој постигна 7 гола во победата ... Read More »