Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 990)

Author Archives: Звонко Ивановски

Викторија Димитриевска: “Јуниор лигата“ како проект ни овозможи заедно со мојот клуб да напреднеме тимски, во новата сезона очекувам успеси со Вардар

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, земаа учество ... Read More »

Горазд Попов: Играњето во Вардар за мене е огромна чест и поттик да бидам уште подобар и знам дека ќе дадам се од себе еден ден да заиграм во првиот тим

vardarfans intervju

Во следново наше интервју ве запознаваме со членот на Вардаровата генерација родени “2004“ година. Се работи за Горазд Попов кој има голем потенцијал да прерасне во врвен фудбалер. Незаменлив дел од играта на оваа генерација која бележи големи успеси, како во домашни, така и во меѓународни рамки. Може да игра на неколку позиции на теренот и да одговори на сите ... Read More »

Давид Денковски: Успеавме да ги освоиме трите бода, кои ни се потребни за понатамошниот тек на првенството, каде повторно атакуваме на двојната круна

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова победа во првенството, откако беа подобри на гостувањето во Куманово од екипата на Милано. Нови три бода за избраниците на Сашо Тодоровски, кои имаат максимални девет по одигрување на првите три кола. Победата беше најавена уште во првото полувреме, кога со двата гола на Битиќи поведовме со 0:2. Во вториот дел Али ... Read More »

Среќен роденден Андреа Лекиќ

Денес својот 29-ти роденден го прославува средниот бек на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ. Ова ќе биде четврта сезона за Лекиќ во црвено-црниот дрес. Нашата редакција и посакува многу здравје, среќа и успех на професионален план. Нека четвртата година во дресот на Вардар биде среќна за Андреа во освојување на европската титула. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРЕА !! Read More »

(Фотогалерија) Како помина турнирот во Благоевград за Вардаровите генерации

На турнирот во Благоевград, Вардаровите генерации освоија четврто и петто место. Генерација “2004“ имаше можност да освои еден од медалите, но во полуфиналето загуби од силната екипа на Динамо Загреб. Во борба за треттото место бевме минимално поразени од тимот на Славија од Софија. Генерација “2005“ во борба за петтотото место беше подобра од своите врсници од Славија, со резултат ... Read More »

Убедлив старт на сезоната за ФК Вардар генер. “2003“, кои во првото коло на новата лига беа подобри од Македонија Ѓ.П

Денес на теренот во Ѓорче се одигра првото коло од новата меѓурегионална лига, кај генерација родени 2003 година. Нема многу одмор за младите Вардарци, кои по пристигнувањето од Бугарија каде учествуваа на турнир во Благоевград, ги започнаа настапите во новата лига. Противник во ова прво коло ни беше екипата на Македонија Ѓ.П. Нова лекција од избраниците на Томче Трајановски, за ... Read More »

Втора последователна година, Стефан Тасев е најдобар голман на турнирот во Благоевград, а четврто ново признание од турнирите во Бугарија

Изминатиов период, генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2004“ година учествуваа на силен меѓународен турнир во Благоевград. Избраниците на Ане Андовски на крајот го освоија четвртото место, идентично како и минатата година кога на истиов турнир, тогаш предводени од Филип Арсовски завршија како четвртопласирани. По завршување на финалниот натпревар и оние за пласман беа доделувани поединечни награди за најдобри поединци. ... Read More »

Виктор Димков: Најважно е што делуваме како вистински тим, сите се бодриме и помагаме да стигнеме до посакуваната цел

Изминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Младинците на ФК Вардар стигнаа и до треттата победа, откако на домашен терен беа подобри од екипата на Милано. Нова сигурна игра за избраниците на Љупчо Марковски, за нови три бода и зацврстување на првата позиција на табелата. Виктор Димков беше дел од овој триумф, постигнувајќи еден гол ... Read More »

Последно осмо место за Вардар Јуниор на турнирот “Повеќе од игра“

Младинците на РК Вардар Јуниор изминативе три дена бел дел од првото издание на меѓународниот турнир “Повеќе од игра“ кој се играше во Сараево. Во конкуренција на осум екипи, избраниците на Пепи Манасков го освоија последното осмо место. Одигравме четири натпревари на овој турнир и на сите нив забележавме порази Во првото коло за противник ја имавме екипата на Целје ... Read More »

Вардарки стигнаа и до втора победа против Ларвик

Денес во спорскиот центар Јане Сандански се одигра и вториот контролен натпревар на Вардарки со екипата на Ларвик. Повторно поуспешни без избраничките на Индира Кастратовиќ, кои славеа со резултат 30:24. На овој денешен меч, норвешкиот шампион даде поголем отпор, но само во текот на првото полувреме. Ларвик подобро го почна овој меч и во првата четвртина од првиот дел имаше ... Read More »