Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 982)

Author Archives: Звонко Ивановски

Вардаровата генер. “2006“ со две високи победи ја започна новата сезона во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија започна новата сезона во детската лига. Свои натпревари од првото коло имаа двете екипи на Вардаровата генерација родени “2006“ година под водство на тренерот Филип Арсовски. ФК Вардар (1) одигра натпревар со екипата на Кул, кој го доби убедливо со резултат 7:0. Првата посериозна шанса на овој меч ја имаше противничката екипа, ... Read More »

Небојша Симиќ: Се освен триумф на Вардар на овој натпревар ќе биде големо изненадување

Во недела започнува нова сезона за Вардарци во лигата на шампионите. Истата ја отвараме на гостувањето во Шведска, против екипата на Кристијанштад. Противник кој ни е познат од минатата сезона, со кого игравме исто така во најсилните групи. Тогаш успеавме на два пати да ги добиеме, иако се работи за екипа која знае да нанесе многу проблеми на противниците. Се ... Read More »

Убедлив старт на шампионската генерација “2004“ во детската лига, двете екипи на Ане Андовски ги наполнија противничките мрежи

Убедлив старт за шампионската генерација на Вардар, родени “2004“ година. Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра првото коло во детската лига. Двете екипи на нашата генерација забележаа убедливи победи. Први на теренот излегоа Вардар (1), кој за противник ја имаа екипата на Сарај. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:1. Мечот почна со прва прилика за ... Read More »

Тренерот Марковски ја објави листата на пријавени играчи за натпреварите против Салцбург во лигата на шампиони

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ги очекува голем предизвик во наредниот период. Тие ќе бидат дел од првото коло во лигата на шампиони, а противник ќе ни биде тимот на Салцбург од Австрија. Првиот меч е закажан за 27-ми септември во градот Гродиг, додека реваншот ќе се игра на арената Филип втори со почеток од 19 часот. Тренерот на младинците ... Read More »

Форца е следен противник за Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ во лигата

Во недела своите натпревари од треттото, односно четвртото коло од меѓурегионалната лига ќе ги одиграат Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година. Противник ќе ни биде екипата на Форца, а мечевите ќе бидат одиграни на академијата. ФК Вардар генерација “2002“ досега има одиграно само еден натпревар и тоа оној против Башкими на истиов терен кој го добивме убедливо. Во минатато ... Read More »

Гостивар следна пречка за пионерските екипи на ФК Вардар

Во сабота своето шестто коло од првенството на младинските категории ќе го одиграат пионерските екипи на ФК Вардар. Колото за кадетите и младинците е одложено, поради настапот на Вардаровите младинци во лигата на шампионите. Противник за пионерските екипи ќе бидат врсниците од Гостивар. Први на теренот во населбата Јане Сандански ќе излезат помладите пионери на Вардар, меч кој ќе започне ... Read More »

Викторија Сандева: “Јуниор“ Лигата е многу успешен проект бидејќи децата имаат шанса да ги покажат своите квалитети, истата ми овозможи да настапувам за младинската екипа на Вардар

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во ... Read More »

Дуелот од 5 коло во ЛШ, помеѓу Загреб и Вардар е прогласен за натпревар на колото

Дуелот од петтото коло помеѓу Вардар и ППД Загреб во лигата на шампионите, според ЕХФ е прогласен за натпревар на колото. Истиот ќе се одигра на 22-октомври во Загреб со почеток од 20 часот и е дел од силната група Б. На него специјален гостин ќе биде коментаторот Том О“Бранаген. Двете екипи веќе одиграа еден меч и тоа во рамките ... Read More »

Абутовиќ за Вардар Фанс: Ние сме во налет и победнички ритам и мислам дека овој натпревар доаѓа во добар момент за нас

Во недела стартува новата сезона за РК Вардар во лигата на шампионите. Прв противник за избраниците на Раул Гонзалес ќе биде екипата на Кристијанштад. Имавме можнсот да играме со шампионот на Шведска минатата сезона во групата, кога забележавме две победи. Првиот меч исто така тогаш го одигравме на гостински терен и славевме со резултат 25:30. На тој дуел имавме постојано ... Read More »

Владо Недановски го пропушта натпреварот со Кристијанштад

Левото крило на Вардар, Владо Недановски ќе го пропушти мечот со Кристијанштад во лигата на шампиони. Тој на натпреварот со Татран Прешов доби повреда, по што мораше да го напушти теренот. Лекарските прегледи установија дека се работи за дисторзија на скочниот зглоб, по што ќе мора да мирува најмалку десеттина дена. По неговата повреда, Вардар останува на позицијата лево крило ... Read More »