Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 930)

Author Archives: Звонко Ивановски

Вуко Борозан и Јованка Радичевиќ најдобри ракометни играчи на Црна Гора, кои настапуваат надвор од земјата

dd

Ракометниот сојуз на Црна Гор ги избираше своите најдобри спортисти во 2016 година. За најдобра црнагорска ракометарка која настапува надвор од земјата е крилото на Вардар, Јованка Радичевиќ. Кај најдобар ракометар кој исто така игра во друга држава, наградата ја поделија Вуко Борозан и Небојша Симиќ, голманот на Кристијанштад. Борозан важи за еден од најмладите и талентирани играчи, што покажуваат ... Read More »

Дибиров, Шишкарев и Деревен со Русија освоија турнир во Летонија

vardarfans-rusija

Ракометната репрезентација на Русија по втор пат го освои турнирот “Куп на советот на град Рига“, кој изминативе три дена се играше во Летонија. Тие забележаа три победи од исто толку одиграни натпревари. Утрово Русите стигнаа и до третата последователна победа на турнирот, откако беа подобри од селекцијата на Белорусија. Уште од самиот старт избраниците на Торгованов наметнаа силно темпо ... Read More »

Машкиот состав на РК Вардар го освои третото место на турнирот во Белград

vardarfans-trofej-za-mladincite-vtoro-mesto-660x330-660x330

Машката екипа на РК Вардар генерација родени 1999/2000 го освоија третото место на турнирот во Белград. Ова е епилогот од денешниот ден на “Трофеј Белград“, каде се одиграа завршните натпревари за пласман. Избраниците на Петковски и Чивлачки им вратија на ОРК Земун за оној прв воведен пораз во групната фаза и денес беа поуспешни од противникот совладувајќи ги со резултат ... Read More »

Иван Пашариковски:Очекувам да продолжиме со истата сигурност како и до сега, нормално да бидеме уште подобри и верувам дека на крајот двојната круна ќе припадне во нашите раце

vardarfans-ivan-pasarikovski

Иван Пашариковски е еден од најдобрите играчи во Вардаровата генерација “2003“. Тој есенскиот дел го заврши со четири постигнати голови. Многу важен играч во составот кој го преводи Томче Трајановски, кој стана есенски шампион во регионалната лига. Многу брз играч кој игра како лево крило и создава голема опасност кон противничките голови. Ова е негова четврта година во црвено-црниот дрес. ... Read More »

Пенал рулетот “несреќен“ за Вардарци, избраниците на Петковски и Чивлачки загубија во полуфиналето

vardarfans-trofej-belgrad

Машката екипа на РК Вардар која е дел од турнирот “Трофеј Белград“ не успеа да се пласира во големото финале на овој турнир. Екипата предводена од Петковски и Чивлачки го загубија мечот во полуфиналето од екипата на РК Нов Белград, дури по изведување на удари од седум метри. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резулат 20:20. На стартот од ... Read More »

( Видео) Одбрани на Арпад Штербик во 2015 година

vardarfans-sterbik-660x330

Арпад Штербик трета сезона е дел од РК Вардар, а неговите одбрани многу пати донеле победа на црвено-црните. Многу признанија за најдобри одбрани, како и дел од најдобриот тим во лигата на шампионите, стојат зад името на Штербик. Одбраните на Штербик од минатата сезона, на натпреварите со екипите на Киелце и Висла Плоцк. Read More »

Кадетките и пионерките на РК Вардар без финале на турнирот во Белград, утре ги играме натпреварите за третото место

vardarfans-kadetki

Пионерките на РК Вардар утре ќе разигруваат за третото место на турнирот во Белград, откако во полуфиналето беа минимално поразени од екипата на Белград. Избраничките на Ристова одчино го започнаа натпреварот и по пет минути играа имаа водство од 4:2. Сепак во продолжение од мечот, противникот успева да постигне пет последователни голови и да поведе со 4:7. Ова водство екипата ... Read More »

Русија го победи Египет, настап забележаа Деревен и Дибиров

vardarfans-rusija

Руската ракометна репрезентација со победа го стартуваше учеството на турнирот “Советот на град Рига“ . Избраниците на Дмитриј Торгованов славеа во воведниот натпревар против селекцијата на Египет. Иако во најголем дел од натпреварот, Египет имаше водство, во последните пет минути Русија го сврти резултатот и забележа минимална победа. Првите десет минути поминаа во игра гол за гол, а последното израмнување ... Read More »

Ангела Коцевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, животот ми е исполнет со ракомет кој го сакам и давам се од себе еден ден да станам играч на Вардар

vardarfans-naslovna

Ракометната школа Кисела Вода-Вардар втора сезона се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Нејзин член е Ангела Коцевска, која има можност да биде дел од натпреварите и возбудувањата во оваа лига. Овој проект на РК Вардар е новитет не само во Македонија, туку и пошироко, лига која има за цел да ги обедини сите ракомешни школи од земјава. Најдобрите на крајот од ... Read More »

Стартуваше турнирот “Трофеј Белград“, две победи за кадетките на РК Вардар, Диневска имаше свој ден

vardarfans-kadetki-8

Кадетките на ракометниот клуб Вардар со две победи стартуваа на 13-тото издание на турниот “Трофеј Белград“. Денес избраничките на Анжела Платон ги стартуваа натпреварите на овој турнир и забележаа две победи. На првиот натпревар од групната фаза се сретнавме со екипата на Рудар, која ја совладавме со резултат 18:12. Во текот на целиот меч имавме постојано водство и контрола на ... Read More »