Вчера во просториите на ФФМ со ждребување се одреди “возниот ред” за мечевите во првата македонска фудбалска лига за сезоната 2020/2021 година. Вардар започнува против Борец, а есента ќе ја заврши со меч против струмичка Беласица. Целиот распоред изгледа вака: Read More »
Прв тим
ФК Вардар утре ќе започне со подготовки, со „скрпен“ тим до зимо
Според информациите во медиумите, ФК Вардар ќе го избегне најлошото сценарио во кое се споменуваше настап од најнизок ранг и неиграње во фудбалската елита. Васовски утре ќе прозива, ќе се „крпи“ тим со цел да се настапи во првата лига во очекување на поволни ветришта и решавање на прашањето за нов спонзор. Целта е да се започне првенството, а потоа ... Read More »
Ждрепката му го „додели“ Борец за деби колото на ФК Вардар во лигата, но иднината ни е неизвесна
Денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ги даде паровите за првото коло кое е закажано за на 9.август. Поради прекинатото првенство и пандемијата со коронавирус, ФФМ ја прошири лигата на 12 екипи, па на ланските првологаши им се приклучија тимовите на Беласица и Пелистер. Вардар во првото коло ќе биде домаќин на тимот од Велес, екипата на ГРК ... Read More »
Аврамоски ја одржува кондицијата по падините на Водно
Судбината на фудбалскиот клуб Вардар се уште е непозната. Денес е извршена ждрепката за новата сезона во првата македонска фудбалска лига, а не е познато со кој состав ќе настапуваат црвено-црните. Додека трае оваа неизвесност, најдобриот стрелец на шампионот, Даниел Аврамоски ја одржува својата кондиција по падините на Водно. Аврамоски заедно со неговиот соиграч од македонската репрезентација, Кире Аврамоски имаа ... Read More »
Вардарци собираат понуди, наскоро следуваат трансфери
Откако сеуште не е решена судбината на ФК Вардар, а веќе наближува и месец август, фудбалерите на ,,црвено – црните” собираат понуди од респектабилни тимови, па така во многу скоро време следуваат и трансфери. Жуниор, еден од најдобрите играчи на Вардарци изминатава сезона е веќе практично нов играч на Зорја. Новак останува во Украина, само неговиот нов клуб сеуште не ... Read More »
Пред три години Балотели го сруши Копенхаген, Вардар славеше пред преполниот градски стадион
На денешен ден пред точно три години, Вардар успеа на градскиот стадион да го победи тимот на Копенхаген. Овој дуел беше во рамките на 3.коло од квалификациите во Лигата на Шампионите. Првиот меч се одигра во Скопје и го добија црвено-црните со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Балотели. Екипата таа година ја предводеше Гоце Седлоски. На ... Read More »
ФОТО: Барсегјан му го честиташе роденденот на Вардар!!!
Некогашниот најдобар играч на ФК Вардар, Тигран Барсегјан кој остави голем траг во историјата на ФК Вардар, не го заборава својот некогашен тим. „Ерменскиот Хулк“ на својот Инстаграм профил прикачи фотографија на која му го честиташе 73. роденден на ФК Вардар. Секоја чест за Тигран на овој негов потег! Фото: Read More »
Жуниор со супер трансфер!
,,Вардар Фанс” објави дека Жуниор е веќе минато за ФК Вардар и дека бразилецот го напушта ,,црвено – црниот” табор. Сега е појасно. Медиумите во Украина објавуваат дека Реис Жуниор е нов играч на Зорја и дека овој трансфер ќе биде официјално објавен и од клубот наскоро. Ова значи дека Жуни прави супер трансфер во Украина, во третиот најдобар тим ... Read More »
Ќириќ: Ситуацијата со ФК Вардар е следна…
Саша Ќириќ се огласи на ФБ со статус за ситуацијата во ФК Вардар и можноста да се спаси клубот: Ви го пренесуваме неговиот статус Read More »
Нов меч на МРТ-3 за ФК Вардар, триумфот во првото пролетно коло против Македонија Ѓ.П
Додека сме во очекување на новиот сопственик во фудбалскиот клуб Вардар, денес на МРТ-3 ќе можете да погледнете нов натпревар на ФК Вардар од натпреварувачката сезона 2019/20. Се работи за првото пролетно коло и мечот против екипата на Македонија Ѓ.П, на кој црвено-црните славеа со резултат 3:1. Стрелци на головите за Вардар беа Жуниор Леовигалдо, Џемал Ибиши и Матеј Цветаноски. Натпреварот ... Read More »