ВАРДАР ГО ПОБЕДИ МАЛМЕ СО 3:1 И СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ТРЕТОТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ. БРАВО ВАРДАРЕ!! Вака се славеше на 18 јули 2017 година во Струмица. Златната генерација на Вардар „го падна” фаворизираниот тим на Малме и заедно со навивачите се радуваше на незаборавна победа. Иако Вардар тргна лошо и имаше негатива од 0:1 по само 16. минути игра, ... Read More »
Прв тим
Среќен роденден Фитор Реџепи
Денес својот 20. роденден го прославува играчот на ФК Вардар, се работи за Фитор Реџепи. Фитор доаѓа во најтрофејниот македонски клуб во 2017 година од екипата на Милано, поминувајќи ги младинските категории на Вардар. Нашата редакција му посакува здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФИТОР ! Read More »
И не само што ќе биде шампион, Вардар од излез во Европа добива најмалку 750 илјади евра!!
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е на добар пат да ја врати титулата во Скопје од Тетово бидејќи има комотни десет бодови предност пред второпласираниот Силекс и дури единаесет пред големиот конкурент Шкендија на тринаесет кола до крајот на првенството. И не само што ќе биде шампион на Македонија и ќе ја врати титулата во својте витрини, Вардарци сериозно ќе се ... Read More »
(Остани Дома) Двочасовно видео, Фенербахче и 40.000 Турци „матирани” од Вардар!!
#ОстаниДома и во овие тешки денови погледни го историскиот натпревар на ФК Вардар кој во 2017 година на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул го совлада големиот Фенербахче со 2-1 и обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на Европа. Oваа голема победа беше историски ден за фудбалот во Македонија, бидејќи Вардар е единствениот тим до ден денеска со настап во групна фаза на едно елитно натпреварување. Видео, уживајте! ... Read More »
Нема ЕП, Вардар ќе го гледаме до крајот на јуни!!
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука да го одложи Европското првенство (ЕП) кое беше предвидено да се одигра оваа година. Коронавирусот ги прекина сите првенства, проблеми настанаа и во плеј-офот, па така, европската куќа на фудбалот мораше да реагира. Кога се во прашање домашните лиги, најверојатно тие ќе продолжат кон средината на идниот месец и ќе се играат до крајот ... Read More »
Утре е „Денот Д“ за европскиот фудбал
УЕФА во вторник (утре) ќе донесе конечна одлука за тоа како да заврши сезоната во европскиот фудбал, а денеска пристигнаа информации дека би можел да се игра фајнл-фор во Лигата на шампиони и Лига Европа. Според последните информации, Европското првенство оваа година ќе биде одложено и ќе се одигра следното лето, додека пак шампионатите ширум Европа и светот ќе продолжат по средината ... Read More »
Гранитна е оваа одбрана на Вардар, само 14 примени погодоци!!!
Лидерот на првенствената табела, тимот на Вардар може да се пофали дека оваа сезона има вистинска гранитна одбрана и дека тешко кои тим може да ја пробие. На досега одиграните 23 првенствени дуели, Гачевски и одбраната на Вардар капитулираа” само на 14 наврати што ги прави убедливо најдобар тим во овој статистички податок. Само за споредба, Академија Пандев е вториот ... Read More »
ФК Вардар: Грижете се за себе, се гледаме наскоро на Градски!
#ОстаниДома и помогни да не се шири вирусот. Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски, за нас е најважно. Грижете се за себе, се гледаме наскоро на Градски , велат од ФК Вардар. Read More »
Среќен 70.роденден Кочо Димитровски
Рекордерот по бројот на настапи во Вардаровиот дрес Кочо Димитровски, денеска го прославува својот 70. роденден. Димитровски во “црвено – црниот” дрес настапуваше цели 17 сезони, односно настапи на 845 натпревари, од кои 416 биле првенствени и има постигнато 95 голови. “Вардар Фанс” му го честита роденденот на вардаровата легенда, му посакува многу здравје и долговечен живот. Read More »
ВИДЕО: Денот кога Шкендија не знаеше што и се случува!!
Точно на овој денешен ден 12.03 пред седум години, најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар на домашен терен убедливо ја декласира Шкендија со (6:1) и дојде до најубедливиот триумф во меѓусебните дуели во својата историја. На овој ден на Градски, Шкендија буквално не знаеше што и се случува. Историскиот тим на Вардар кои ја забележа оваа висока победа изгледаше вака: Вардар: Милиќ; Илиевски, Вајс, Димитровски, Лазаревски, ... Read More »