Фудбалската федерација на Македонија испрати допис до сите клубови, во кој потенцира за одлука на прекин на првенството во Првата лига, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот COVID – 19. Ист отака се прекинуваат и натпреварите од младинските категории, и од тука во следните недели ќе нема натпревари. Кога ќе продолжи првенството, ќе биде дополнително објавено, додека натпреварите од младите категории ... Read More »
Прв тим
Новак: За мене лично е важно што победивме, а не кој го дал голот!!
Екипата на Вардар стигна до многу значајна победа во дуелот со Струга Трим Љум и ја прекина серија од два натпревари без победа. Јунак на вчерашниот дуел беше капитенот Евгениј Новак кој постигна погодок, а заслужено ја доби и капитенската лента од Гачевски кој поради суспензија не настапи. Стоперот на Вардар за нашиот сајт ги истакна впечатоците од натпревариот и ... Read More »
Новак го донесе Вардар на +11 пред Шкендија!!
Вардар со денешната победа над Струга Трим Љум и со победата на Работнички над Шкендија во Тетово, се одлепи на единаесет бодови предност пред главниот конкурент за титулата оваа сезона. Денешната злато вредна победа ја донесе капитенот Евгениј Новак со прекрасен гол со глава по нафрлена топка од корнер. Првите 30-сетина минут од натпреварот минаа со иницијатива на тимот на Вардар ... Read More »
Николов: Би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа
Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на златната генерација на ФК Вардар, Бобан Николов излезе со реакција околу натпреварот на нашата репрезентација кој треба да биде одигран на 26 овој месец. „Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правете „спектакли”! Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, ... Read More »
Илиќ утре ќе го брани голот на Вардар!!
Поради пет жолти картони на утрешниот натпревар во Скопје против Струга ТЛ помеѓу стативите на нашиот гол ќе го нема капитенот на тимот, Филип Гачевски. Ова значи дека за прв пат оваа сезона помеѓу стативите ќе застане младиот 23-годишен чувар на мрежата Филип Илиќ за кој ова ќе биде прв официјален натпревар оваа сезона во ПМФЛ. Илиќ од доаѓањето во Вардар ... Read More »
Ѓорѓиев на центарот на Градски
Крумислав Ѓорѓиев од Штип е делегиран да ја дели судиската првда на утрешниот дуел во Скопје на Градски на кој се среќаваат лидерот на табелата Вардар и екипата на Струга ТЛ. Вардар на овој дуел сака да ја прекине серија од два натпревари без победа и да му се реваншира на противникот за поразот во есенскиот дел од шампионатот. Дуелот на ... Read More »
Вардар поразен од Ренова со 2-0
Вардар денес гостуваше во Тетово, тимот на Ренова успеа да не совлада со 2-0 на овој дуел од домашната Прва фудбалска лига. На мечот кој е во тек тимот на Шкендија екипата која е зад нас на табелата губи од Борец со 2-0 во првиот дел. Домаќинот отвори со гол веќе во 5.минута, од пенал. Миовски одлично продре и соборен ... Read More »
Познат составот на ФК Вардар за мечот против Ренова
Познат е составот фудбалскиот клуб Вардар за мечот кој е закажан во 13-00 часот на Градскиот стадион во Тетово. Црвено-црните гостуваат кај тимот на ФК Ренова, кормиларот Васоски Александар се одлучи за следните 11 момци: Read More »
Марјан Гоцевски на дуелот под Шара
Во очекување на одлуката на Владата дали спортските манифестации ќе се одвиваат со или без присуство на гледачи, Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од четвртото пролетно коло, 22. коло во ПМФЛ. На дуелот Ренова – Вардар под Шара, главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица. Помошници ќе му бидат Станковски Ѓорѓи и Ангеловски Кире исто така од Струмица, додека пак делегат ќе биде Бошевски Васко од Битола. Дуелот ... Read More »
Панчев: Да споредувате фудбал со ракомет е исто како да споредувате професор во средно образование со Ајнштајн
Најдобриот македонски фудбалер на 20 век, Дарко Панчев за српскиот „Би-Би-Си“ даде интервју во кое со две реченици ги навреди љубителите на спортот во државата, а воедно го исплука и ракометот со споредба. „Да споредувате фудбал со ракомет е исто како да споредувате професор во средно образование со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа? Сепак, титулите на Вардар донесоа голема радост ... Read More »