Судбината на Фудбалскиот клуб Вардар под раководство на Сергеј Самсоненко ќе се знае утре, кога е и закажан состанокот со претставниците на Град Скопје. Од она што можеме да го дознаеме, од разговорот со дел од играчите на Вардар, ќе се чека утрешната разврска, а потоа ќе се донесува одлука. Точно е дека голем број на фудбалски менаџери ги конкактираат ... Read More »
Прв тим
Затишје пред бура….дали во наредниве денови ќе се знае „судбината“ на ФК Вардар
Лоша вест ни пристигна вчера од Анталија. Во моменти кога ги одработувавме последните денови од подготовките во Анталија, на играчите им било кажано дека се слободни и дека може да си бараат нови клубови. Оваа вест им ја пренел, спортскиот директор на клубот, Гоце Седлоски, кој им истакнал дека сопственикот на клубот нема веќе средства да продолжи да финансира во ... Read More »
Вардар не потклекна и одигра 0:0 со Црвена Звезда
Вардар и Црвена Звезда попладнево во Анталија во еден цврст натпревар одиграа само 0:0 (0:0). За пофалби од овој дуел е одбраната на Вардар, која одигра одлично. Нашиот тим на овој дуел настапи без тројца стандардни првотимци, Евгениј Новак, Али Адем и Матеј Цветаноски. Почетен состав на ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Најдовски, Брдаровски, Жуниор, Димоски, Мицевски, Попзлатанов, Аврамовски и Ибиши. Уште играа ... Read More »
Вардар – Црвена Звезда, низ директен пренос на Арена Спорт 1
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, утре ќе го одигра и четвртиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија, Турција. Утре Вардарци ќе имаат уште еден тежок натпревар пред себе, затоа што на мегдан” излегуваат со Црвена Звезда, екипа која важи за еден од најдобрите тимови во овој момент на Балканот. За радост на сите симпатизери на ... Read More »
Среќен роденден Филип Илиќ
Денес својот 23-ти роденден го прославува голманот на ФК Вардар, се работи за Филип Илиќ. Младиот голман од јануари 2018 година е дел од најтрофејниот клуб во Македонија. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФИЛИП Read More »
Вардар поразен од Бачка Топола со резултат 2:1
Тимот на Вардар го претрпе третиот пораз на зимските подготовки во Анталија, откако попладнево немоќен беше и против српскиот суперлигаш Бачка Топола со резултат 2:1 (1:0). Почетниот состав на Вардар за денеска беше: Илиќ, Новак, Младеновски, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Димоски, Попзлатанов, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши. На овој натпревар во нашиот тим ги немаше Филип Гачевски и Дарко Мицевски кои останаа на трибините. ... Read More »
Бачка Топола шанса за прва победа во Анталија
Вардар утре ќе го одигра третиот пријателски дуел на зимските подготовки во Анталија. Шанса за прва победа играчите на Васоски ќе имаат против тимот на Бачка Топола од Србија. Бачка Топола е во голем подем и игра одлично сезонава во шампионатот на Србија, каде на полусезона е на петтото место на табелата со 36 освоени бодови или десет победи, шест ... Read More »
Васоски: Ние низ овие пријателски ја градиме играта која треба да ни донесе победи во првенството и мислам дека сме на добар пат
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски, е задоволен од текот на подготовките на својот тим во Анталија. Васоски вели дека резултатите се во втор план и додава дека противниците со кои играше неговиот тим веќе биле на крајот од своите подготовки што е голем плус за една екипа. „Можам да кажам дека подготовките одат според планот. Имаме одлични услови ... Read More »
(ФОТО) Поранешен играч на Вардар и Динамо Киев го следеше денешниот меч во Анталија
Горан Попов, некогашниот член на нашиот Вардар каде и ја заврши кариерата, но и на гигантот Динамо Киев, денеска беше присутен и го следеше натпреварoт на овие две екипи во Белек. Попов имаше што да види попладнево во Анталија, а се почесто ќе го гледаме на фудбалските терени ширум нашата земја и пошироко бидејќи славниот лев век по завршувањето на фудбалската кариера ... Read More »
Динамо Киев пресилен за Вардар
Вардар поразен и на вториот тест дуел во Анталија. Попладнево апсолутно заслужено и без поголема мака, Динамо Киев го совлада нашиот Вардар со резултат 4:0 (3:0). Разликата во класи помеѓу овие две екипи е голема, а Вардар може само да учи од ваквите натпревари. Вардар уште по првите десет минути го загуби натпреварот и имаше негатива од два гола. Вардар во ... Read More »