Денес во просториите на ФФМ беше извлечена ждрепката за 1.коло од втората македонска фудбалска лига. Во првото коло кое е предвидено да стартува на 25.август, Вардар ќе гостува во Дебар кај екипата на Кораб. Двојки за првото коло: Кораб - Вардар Кадино – Силекс Велешта Тетекс Гостивар – Воска Спорт Охрид -Беса Read More »
Прв тим
Вардарци во сабота на генерална проба во Струмица
Фудбалерите на Вардар ќе одиграат уште еден контролен натпревар кој ќе биде главна подготовка пред почетокот на новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Во сабота играчите на Горан Симов ќе патуваат за Струмица, каде ќе одиграат контролен натпревар со екипата на ФК Беласица. Овој дуел е предвидено да започне со почеток од 17-30 часот. Овој дуел ќе биде ... Read More »
Одложен е стартот на сезоната во втората македонска фудбалска лига
Претстојниов викенд требаше да стартува новата натпреварувачка сезона во двете македонски фудбалски втори лиги. Стартот е одложен првично за 28.август, а до петок е рокот клубовите да извршат плаќање на котизација. Според најавите на ФФМ, во сабота треба да биде извлечена ждрепката и распоредот на натпревари за претстојнава сезона во втората лига. Read More »
Петар Гугуљанов ја засили екипата на Беласица
Петар Гугуљанов (2002) се реши својата играчка кариера да ја продолжи во екипата на Беласица, која во новата сезона ќе се натпреварува во втората лига. Гугуљанов од 2016 година беше во Вардар, а дојде преку настапите во „Јуниор Лигата“ проект кој во тоа време го организираше фудбалскиот клуб Вардар. Потекнува од школата на Валандово, а дел од Вардар беше пет ... Read More »
Пред точно четири години „падна“ Фенербахче во Скопје!
На денешен ден пред точно четири години, на арената “Филип Втори“, Вардар на првиот дуел во рамките на првиот плејоф натпревар од Лигата на Европа успеа да го победи Фенербахче и да си го отвори патот до групната фаза. ,,Црвено-црните” тој прв меч во Скопје го добија со резултат од 2:0. По првото полувреме имавме водство од 1:0, кога резултатот ... Read More »
Вардарци триумфално во Кочани
Фудбалерите на Вардар попладнево гостуваа во Кочани кај екипата на ФК Осогово. Овој пријателски натпревар заврши предмалку, а ,,црвено – црните” oд Скопје го добија со резултат 0:2 (0:2). Уште по првите 45.минути беше решен победникот на овој натпревар. Веќе во 5.минута преку Филип Петковски, Вардар дојде до предност. Кон крајот на првиот дел, односно во 37.минута Дејан Блажевски стрелаше ... Read More »
Давидоски успешно опериран, следи период на рехабилитација
Младиот играч од средината на фудбалскиот клуб Вардар, Петар Давидоски, беше успешно опериран во болницата „Аџибадем Систина“ Давидоски се здоби со незгодна повреда на пријателскиот натпревар со екипата на Победа, па снимката покажа дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент. Најважно е дека оперативниот зафат помина во најдобар ред и дека Давидоски се чувстува добро. За капитенот на генерацијата ... Read More »
ФК Вардар утре гостува во Кочани кај екипата на Осогово
Фудбалскиот клуб Вардар утре ќе одигра нов контролен натпревар. Црвено-црните ќе патуваат за Кочани, каде ќе имаат пријателски натпревар со екипата на Осогово, кој ќе стартува во терминот од 17:30 часот. Вардарци се подготвуваат за стартот на новата натпреварувачка сезона, во која ќе бидат дел од втората лига. Ждрепката и распоредот на натпревари требаше да биде познат оваа недела, но ... Read More »
Глишиќ започна со тренинзи
Фудбалерите на Вардар влегуваат во финална фаза од подготовките пред стартот на новата сезона. ,,Црвено – црните” тренираат во својата база во Скопје, а во тимот имаат и едно ново засилување. Дарко Глишиќ се појави во ФК Вардар и веќе тренира со своите нови соиграчи. Ова секако дека е добро засилување за тимот во името на искусниот лев бек кој ... Read More »
ДЕСЕТ години „Вардар Фанс“, Ви благодариме на довербата!!!
Денес е голем ден за нас! На овој ден пред точно 10 години започна со работа „Вардар Фанс“ (или поранешен „Лико Фанс Вардар“) Се започна на овој ден во 2011 година, кога за прв пат се појавивме како Фејсбук профил на Бразилскиот фудбалер на Вардар, Пауло Кандидо – Лико. Стартувавме многу скромно. За многу кус период стигнавме до 5.000 пријатели на Фејсбук. Поради ограничениот ... Read More »