Кадетите на ФК Вардар успеаа да го добијат дербито против екипата на Пелистер. Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, нашите млади надежи беа подобри од Пелистер со резултат 4:2 (3:1). Денес победата за кадетите ја донесоа играчите кои се генерација 2005. По првото полуавреме, Вардар имаше водство од 3:1, иако екипата на Пелистер прва успеа да го отвори резултатот ... Read More »
ФК Вардар
Вујадин Станојковиќ повика четворица вардарци, за претстојниот тренинг камп на Македонија У16
Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во периодот од 13-19.декември ќе одработи тренинг камп во Кичево. Селекторот на оваа млада репрезентација, Вујадин Станојковиќ, повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Дарко Сековски, Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији и Андреј Величковски. Сите споменати се дел од помладите пионери на ФК Вардар и се меѓу стартерите во оваа генерација ... Read More »
Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар издвојуваа победи на гостувањето кај екипата на Арис
Две вардарови генерации денес беа гости на екипата на Арис од Грција. Пријателски натпревари со овој противник одиграа генерациите 2007 и 2008 на фудбалскиот клуб Вардар. На двата натпревари, избраниците на Влатко Колев го надиграа домашниот тим на Арис, а интересно победите беа остварени со идентичен резултат од 2:6. Одлична игра и акции и уште поубави голови за вардаровите надежи, ... Read More »
Канатларовски со повик до Николов
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16. и 18. декември во Скопје. На списокот има еден играч од редовите на ФК Вардар. Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван ... Read More »
Василевски Александар ќе му дели правда на Вардар
Утре се игра последното есенско коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Кадино и се надева на третата победа во низа. За утрешниот дуел во Скопје делегиран е младиот и талентиран судија од главниот град, Василевски Александар. Ќе му помагаат Ѓошевски Влатко и Абдули Бесар, исто така од Скопје. Утрешниот дуел започнува со почеток од ... Read More »
Последно есенско младинско коло, Вардар ќе игра со екипата на Пелистер
Претстојниов викенд ќе се одигра последното коло во есенскиот дел од сезоната во младите фудбалски лиги. Вардаровите генерации за противник ја имаат екипата на Пелистер, во рамките на 10.коло. Во сабота, пионерските екипи ќе гостуваат во Битола, на Градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“. Натпреварите ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во недела на спортскиот комплекс во Хиподром, ... Read More »
(Фотогалерија) Седма сезонска победа за пом.пионери на ФК Вардар
Во рамките на 9.првенствено коло, помладите пионери на ФК Вардар го добија дербито против екипата на А.Пандев. Избраниците на Саше Божиноски славеа победа со резултат 2:0 (0:0) со голови во вториот дел од натпреварот. Извештај од дуелот можете да прочитате на линкот, ТУКА. Нашиот медиум беше присутен на натпреварот од кој ви носи фотогалерија. Read More »
Вардар подобар од Работнички, на пријателски натпревар кај генер.2009
Во текот на вчерашниот ден, пријателски натпревар на спортскиот комплекс во населбата Хиподром одигра генерацијата 2009 на ФК Вардар, која за противник ја имаше екипата на Работнички. Вардар го доби овој натпревар со конечни 2:0. Се играа три полувремиња од по 20 минути. Заслужена победа за вардаровите надежи кои беа покреативни на теренот, а создадоа и неколку шанси за нови ... Read More »
Младинското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кадетите поразени од А.Пандев
Денес во Струмица, своите натпревари од вонредното 9.коло ги одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар. Кадетите на Вардар после две последователни победи, загубија од домашната екипа на А.Пандев. Струмичани славеа победа со резултат 4:1. Димитар Трајков беше денес играчот кој ни пресуди со хет-трик во нашата мрежа, истиов играч погоди во 7, 21 и 47 минута од натпреварот, додека ... Read More »
Блажевски ќе го ,,прескокне” дуелот со Кадино
Капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски нема да може да му помогне на својот тим на саботниот натпревар на домашен терен против екипата на Кадино. Причината поради која Блажевски нема да игра во сабота е тоа дека на натпреварот во Боговиње доби петти жолт картон оваа сезона, што значи дека ќе мора да паузира еден натпревар. Можеби оваа пауза за ... Read More »