Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 803)

ФК Вардар

Видео стримови! Вардар – Пелистер 15-00 часот

fkvardar-vardarfans

Црвено-црните денес  го играат натпреварот од осмото  коло во новата 2016/2017 сезона во ПМФЛ, во истиот противник ни е  екипата на Пелистер од Битола. Овој дуел го носи епитетот Македонско фудбалско дерби, истото се игра во Маџари на стадионот “Борис Трајковски“. Мечот може да го проследите на Сител-3 низ директен пренос или на линковите подоле, истиот почнува во 15-00 часот . Од овој дуел ... Read More »

Филип Антовски: Од негатива се вративме со поголема претпазливост и поколективна игра

Дури по изведувањето на удари од белата точка, пионерите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да се пласираат во осминафиналето на купот од Македонија. Во текот на вчерашниот ден црвено-црните одиграа дуел со екипата на Металург во ова натпреварување. Победникот беше решен дури по изведување на удари од белатата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1. Металург ... Read More »

(Фотогалерија) Вардаровата генер. “2002“ славеше во дуелот со екипата на Форца

Генерација “2002“ стигна до нова победа во лигата, откако во неделата ги совладаа врсниците од екипата на Форца. Овој натпревар се одигра на академијата и заврши со триумф на црвено-црните со резултат 4:0. Два гола беа дело на Атом Фазлиу, додека по еде постигнаа Ринор Исени и Дарко Димитров. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар:     Read More »

Младинците на Вардар не го “положиа“ првиот европски тест

Mлади фудбалери ФК Вардар беа  поразени со 5:0 на своето деби во младинската Лига на шампиони. Ние настапивме со следниве момци на овој меч : Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков (89′ Дишлиевски), Додевски, Беќири (76′ Најдоски), Димитровски, Стојчевски (70′ Кировски), Петковски.  Вардарци добро го отворија мечот, дури во првите минути го имаа поседот на топката во своите нозе.  Салцбург во продолжение успеја ... Read More »

Вардарци генер. “2002“ со предност од 2:1 ќе го започнат реваншот од купот против екипата на Гостивар

Вардарците родени “2002“ година денес на академијата го одиграа првиот натпревар од 1/8 на купот против екипата на Гостивар. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски со предност од 2:1 ќе патуваат на реваншот во Гостивар. Стрелци на головите беа Азер Омерагиќ и Атом Фазлиу. Цело второ полувреме и мал дел од првото нашите млади надежи играа со играч помалку, откако нашиот голман ... Read More »

Калц одреди кои 11 ќе го играат историскиот меч во Л.Ш за младинци

Тренерот Љубпчо Марковски-Калц го одреди  тимот на младинската екипа на Вардар  кој ќе настапи на  стадионот „Унерзберг“ во Гродиг со домаќините на Ред Бул Салцбург во деби мечот во лигата на шампиони за младинци. На историскиот прво деби на мак.клуб во Лигата на шампионите овие момци ќе бидат во стартниот состав: На голот ќе биде Филип Трајчевски. Во одбраната Тодор Тодороски, ... Read More »

Лука Стојковски ја “сруши“ Шкендија, Вардаровата генер. “2003“ подобра од своите врсници од Тетово во националниот куп

Голема радост за Вардаровата генерација “2003“ која денес во куп натпреварувањето беше подобра од екипата на Шкендија од Тетово. Трета наша екипа денес игра на пенали и втора која триумфира по изведување на ударите од белата точка. Натпреварот се играше на теренот на Академијата, две полувремиња по 40 минути. По првиот дел нашите млади надежи имаа водство од 1:0 со ... Read More »

Пионерите на ФК Вардар ја поминаа првата пречка во купот, голманот Велковски донесе радост во пенал рулетот

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се пласираа во следната рунда од куп натпреварувањето, откако денес во 1/16 од купот беа подобри од екипата на Металург. Победникот беше решен по изведување на удари од белата точка. Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Стојчески, Антовски, Пешевски, Адем, Бериша, Дарлишта, Стојановски, Ѓорѓиевски. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1. ... Read More »

Пом. пионери на ФК Вардар се елиминирани од купот, Милано беше посреќен во пенал серијата

Пом. пионери на фудбалскиот клуб Вардар ги завршија настапите во купот, откако денес беа поразени од екипата на Милано. Ова беше дуел во рамките на 1/16 од купот, кој му припадна на противникот дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат 2:2. Стрелци на головите за Вардар Ахмед Ернур и Михаил Ристевски. ... Read More »

Мечкаровски ќе го суди дербито со Пелистер, од мечот директен пренос на Сител

ФФМ ја делегираше судиската четворка за утрешниот натпревар во Маџари помеѓу Вардар и Пелистер. И овој пат, главен судија на дерби пресметката ќе биде скопскиот судија Димитар Мечкаровски. На Мечкаровски ќе му помагаат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце, додека пак четврти судија ќе биде Влахо Константин. Делегат на мечот ќе биде Захариев Иванчо од Кочани. Од овој дуел покрај стандардните стримови ќе може да ... Read More »