Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Фотогалерии (page 123)

Фотогалерии

(Фотогалерија) ФК Вардар генер.2007 во вториот дел ја “скрши“ Нова Колонија

Вчера екипата на ФК Вардар генерација 2007 предводена од Зоран Петковски се сретна со екипата на ФК Нова Колонија во детската лига.  На мечот на терените на ФК Работнички во градски парк црвено-црните момци победија со резултат 6-0, тие во вториот дел целосно го скршија отпорот на своите противници. Po Read More »

(Фотогалерија) ! Победа за Вардар (1) генер. “2008“ , додека Вардар (2) одигра со нерешен резултат

Во текот на вчерашниот ден Вардаровата генерација родени “2008“ година одиграа два натпревари во рамките на детската лига. Победа забележа екипата на Вардар (1) која за противник ги имаше врсниците од Смиљковци. Погледнете ја фотогалеријата од овој меч. Натпревар одигра и Вардар (2) против екипата на Драчево. Во еден интересен меч во кој нашите надежи на три пати имаа водство, ... Read More »

(ФОТО) Кадетите со последни подготовки пред утрешниот Ф-4, дали со “злато“ ќе му го честитаат роденденот на тренерот Чивлачки?

Денес во салата “Кале“ кадетите на Вардар го имаа последниот собир пред  утрешниот настап во Автокоманда каде ќе се борат за шампионската титула во кадетската машка лига на Ракометната федерација на Македонија. Противник на Вардар во полуфиналето е Струга, а натпреварот се игра во 12,45 часот. Во 18-00 часот ќе се игра малото финале за бронзениот медал, а во 19.45 е ... Read More »

(ФОТО) РК Вардар пристигна во градот домаќин на Ф-4 во СЕХА Брест- Белорусија

Вардарци пристигнаа во Брест, Белорусија  каде од петок до недела ќе бидат дел од завршниот турнир во СЕХА-лигата. Од Загреб со чартер лет, црвено-црните  пристигнаа во  градот Брест каде ќе се игра Ф-4 турнирот. Утре нашиот состав го игра полуфиналето против тимот на ППД Загреб, со почеток од 17:30 часот.  Сите мечеви од завршниот турнир ќе бидат пренесувани на МТВ-1. Read More »

(Фотогалерија) ФК Вардар (1) генер. “2005“ го надигра Њу Старс 3

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година изминатиов викенд освоија нови бодови во рамките на детската лига. Екипата на Вардар (2) за противник го имаше тимот на Њу Старс 3, која ја совлада убедливо со резултат 14:0. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар: Read More »

(Фотогалерија) РК Преспа првак во Јуниор лигата кај генер.2002/03, тие во финалето беа подобри од РК Шампион

Вчера во салата “Јане Сандански“ на  завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, кај момчињата во генерација родени 2002 и 2003 година се одигра големото финале. Во борбата за пехарот  се сретнаа екипите на РК Преспа од Ресен и РК Шампион во Скопје, ресенчани беа поуспешни и станаа шампиони. Извештај од овој дуел може да погледнете- тука! Read More »

(ФОТО) РК Илинден дојде до “злато“ во финалето со Карпош во Јуниор лигата кај момците генер.2004/05

Вчера во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра  големото финале во ракометната вардарова “Јуниор“ лигата. Кај генерација родени 2004 и 2005 година се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Карпош од Куманово. До златото стигнаа  избраниците на Дарко и Александра Јанев кои славеа со резултат  7:14, извештај од мечот може да прочитате на нашиот сајт-тука. Read More »

(Фотогалерија) Младинците на ФК Вардар со 3-0 ја совладаа ФК Победа

Викендов на теренот во населбата Аеродром на младинската екипа на ФК Вардар гостин беше тимот на ФК Победа од Прилеп. Нашите момци лесно го добија овој дуел со одлична игра во скоро целиот натпревар, ние триумфиравме со 3-0. Стрелци на головите за нашиот тим беа Колевски и Димков (2). Read More »

(Фотогалерија) Пионерите на РК Вардар триумфираа на “жешкиот“ терен в Автокоманда

Вчера во  салата Автокомада се одигра големото дерби во пионерска конкуренција во кој нашиот РК Вардар предводен од Адријана Будимир гостуваше кај екипата на РК Металург. Сино-белиот тим беше додатно засилен со  4 играчи од кадетскиот состав, но нашите вардарци изгинаа машки  и победија во ова дерби со 15-16. Од овој меч може да прочитате извештај на нашиот сајт-тука, а фотографии ... Read More »

(ФОТО) Доделени дипломите на најмладите учесници во Јуниор лигата генер.2006/09

Денес со последните мечеви оваа сезона завршија натпреварите кај најмладите учесници во ракометната Вардар Јуниор лига. Станува збор за екипите во генерација 2006/2009 кој играат во мешани екипи, момчиња и девојчиња. Тие добија дипломи за учество бидејќи кај нив нема пласман, сите се победници. Дипломите им ги доделија Растворцев и Кастратовиќ. Read More »