Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови (page 189)

Останати спортови

Шкупи вистинска шанса за прва победа на КК Вардар, дуелот се игра утре 17-00ч.

kk-vardar-seniori-2018

Чаирскиот прволигаш ги елиминира проблемите со кои се соочи минатата недела и во шестото коло ќе го продолжи својот пат во Првата лига. Долговите кон Македонската кошаркарска федерација, поради кои Шкупи беше суспендиран претходниот викенд, се подмирени и во следниот круг екипата ќе го пречека Вардар на домашен терен. Натпреварот од 6.коло во Првата кошаркарска лига се игра утре, сабота, ... Read More »

ЖКК Вардар гостува кај Работнички, вардарки не го даваат врвот

zkk-660x330-660x330

ЖКК Вардар во рамки на 4.коло од женската прва кошаркарска лига ја совлада  екипата на ЖКК Струга 2009, нашиот тим дојде до победа со високи 91 – 49. Тоа беше четврта победа во исто толку дуели за вардарки, нашиот тим е првопласиран на табелата. По четири кола со максимални 8.бода сме на првата позиција,  Бадел со далеку послаба кош-разлика е зад нас. Овој викенд ... Read More »

Одбојкарите на Вардар со триумф ја отворија сезоната

odbojka

Одбојкарите на Вардар ја започнаа сезоната со триумф. Изминатиов викенд на домашен терен, во Градски парк, нашите одбојкари ја победија екипата на ОК Шутова со резултат 3-2 и со тоа означија победнички старт на новата сезона. Во новата сезона ОК Вардар влегува со значително подмладен тим од минатата сезона кога во тимот ги имавме искусните Ангеловски, Клопчевски и тн. Read More »

Завировски: Загубив многу време, се враќам на атлетската патека

petre2

По долга пауза од шест месеци и неколку не успешни обиди за враќање на тренинг. Поради проблеми со повреда на десното колено кои константно го оневозможуваа, вардарецот, Петре Завировски конечно  започна со лесни тренинзи. Да потсетиме сезонава атлетичарот на АК Вардар, Завировски имаше само два настапи. Првиот беше на полумаратонот “Трчаме кон целта” на 31.март, тогаш на истиот тој  го ... Read More »

Кошарка: Три победи за младите категории на Вардар овој викенд

img_0125-750x330

Изминатиов викенд донесе три победи за нашиот клуб, Вардар во рамките на младинското  кошаркарско натпреварување. Селекциите на црвено-црните  М14, М15 и М18 извојуваа значајни победи во своите конкуренции. Во продолжение постигнатите резултати на нашите кошаркарски надежи? М14 КК В. Лисици – КК ВАРДАР 40:75 М15 КК ВАРДАР – КК Ринија 73:57 М18 КК ВАРДАР – КК ЧАИР 2030 86:79 Read More »

ЖКК Вардар лесно со Струга 2009, Деловска: Играме тимски тоа е наша предност

zkk

ЖКК Вардар во рамки на 4.коло од женската прва кошаркарска лига ја пречека екипата на ЖКК Струга 2009. На дуелот одигран во салата “Кале“ поискусниот тим дојде до победа со високи 91 – 49. Ова е четврта победа во исто толку дели за вардарки, нашиот тим е првопласиран на табелата. Симона Деловска која веќе три години е дел од црвено-црното семејство, а ... Read More »

Вардар поразен и од Блокотехна

kkvardar-kosarka

Блокотехна лесно и убедливо го победи нашиот Вардар во Кале 67-88 и му го нанесе четвртиот пораз. Нашите кошаркари беа рамноправни во првата, третата и четвртата четвртина, но ја загубија втората со катастрофални 18 поени разлика доволни за нов неуспех. Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најпрецизни и единствени двоцифрени во победничкиот табор, додека кај домаќините се истакнаа Провел ... Read More »

 Јована Петрушевска од ЖКК Вардар повикана за квалификациските дуели со Шведска и Хрватска

zkk

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство. Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година.На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот ... Read More »

ЖКК и КК Вардар викендов се домаќини во првенството

kk vardar  seniori

Овој викенд машкиот и женскиот сениорски кошаркарски клуб Вардар ќе бидат домаќини во четвртиот дуел за нив оваа есен. Девојките ќе атакуваат на четвртата победа по ред, а момците ќе се обидат да дојдат до првата радост за нив во најквалитетната кошаркарска конкуренција во земјава. КК Вардар досега забележа три порази, па во 5.коло (во изминатите 4 еднаш бевме слободни) ... Read More »

Кошарка: Робев успешно опериран, следи рехабилитација

robev2

Веројатно поинакви ќе беа работите во тимот на Вардар да го имаше во своите редови планираното големо засилување. Дамјан Робев се врати под Кале по една сезона помината во дресот на Гостивар за да ги води „црвено-црните“ на враќањето во Првата лига. Но, на своето второ деби во дресот на матичниот клуб ќе мора да почека до есента 2019 бидејќи ... Read More »