Saturday ,10 May 2025
Последни:
Home > РК Вардар (page 160)

РК Вардар

Среќен роденден Чупиќ Иван

162670900_10160381258500348_3092100761944428802_o

Денес својот 35.роденден го прославува играчот на РК Вардар, се работи за Иван Чупиќ. Хрватскиот репрезентативец ја игра последната сезона во црвено-црниот дрес. Денес неговиот тим игра важен натпревар против Еурофарм Пелистер во борбата за шампионската титула, па сигурно дека победата ќе претставува најголем подарок за Чупиќ. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЧУПИЌ !! Read More »

Дербито денес со пренос на МТВ-1

rkv

Повеќе од една деценија екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер не играле ваква значаен натпревар. Тоа ќе се промени токму денеска во Скопје, каде ,,црвено – црните” ја пречекуваат екипата од Битола. Дерби натпреварот за жал на сите љубители на ,,црвено – црните” бои нема да биде одигран со присуство на публика, односно сите ќе мораме да го проследиме дуелот ... Read More »

(ФОТО) Комити со благодарница до Иван Чупиќ

165391663_126959579437965_4169837900734492185_o

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните го одржаа последниот тренинг пред утрешниот дерби натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер. Верните Комити направија свое шоу на трибините, давајќи му поддршка на својот миленик пред утрешниот дуел, кој е важен во борбата за шампионската титула во Македонија. Комити му се заблагодарија и на Иван Чупиќ кој ги игра последните два месеци во ... Read More »

(ВИДЕО) ,,Комитите” им дадоа поддршка на ракометарите пред утрешниот дуел

rkvardar-vardarfans

Најверните навивачи на Вардар, популарните ,,Комити” влегоа во СЦ. ,,Јане Сандански” и им дадоа силна поддршка на нашите играчи пред утрешниот дерби дуел во Скопје. Освен поддршката пред дуелот, упатија и голема благодарност до Иван Чупиќ кој по крајот на оваа натпреварувачка сезона си заминува од Вардар. Видео можете да погледнете ТУКА. Read More »

Вардар ќе биде домаќин на 1/4-финалната група од Купот

fb_img_1616778609579

Вардар ќе биде домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија и тие средби ќе се одиграат на 29 март (понеделеник) во Скопје. Во групата В покрај Вардар1961 се уште и екипите на Астраион, Радовиш и Тиквеш. Според договорот на екипите, сите предвидени натпревари од групата ќе се играат во еден ден. Во првото полуфинале играат Астраион и Радовиш, а ... Read More »

(ВИДЕО) Пред точно десет години: Вакво навивање нема секој ден на ракометен натпревар

rkvardar-kale-komiti-vardarfans

На денешен ден пред точно десет години, Вардар ја пречека екипата на Караш Северин од Романија и секако забележа победа од шест голови разлика, 28:22. Велиме секако дека забележа победа бидејќи ова беше незаборавен натпревар. За тоа се погрижија најверните навивачи на Вардар, Комитите кои имаа незаборавна бројка, навивање, пароли и тн. Можеби ова беа и најдобрите времиња под Кале, во ... Read More »

(СТРИМ) Вардар – Еурофарм Пелистер

162457199_10160380809430348_6793591255841919211_o

Утре во С.Ц Јане Сандански ќе се одигра натпреварот на двете екипи кои конкурираат за шампионската титула во ракометната супер лига. Тоа е нашиот Вардар и екипата на Еурофарм Пелистер. Со оглед дека нема дозвола за присуство на навивачи, сите вардарови навивачи, како и љубители на ракометот, ракометното дерби ќе можат да го погледнат на струм. Истиот е достапен на ... Read More »

Најдобрите судии, Начевски и Николов, ќе му судат на Вардар со Еурофарм Пелистер

sudii

Најдобрите македонски судии се задолжени да ја делат правдата, на дерби натпреварот во ракометната супер лига, меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Се работи за најдобрите, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кој ќе бидат судии на првиот од двата натпревари кои треба да го одредат новиот шампион на Македонија. Дуелот во сабота ќе стартува од 17:00 часот во С.Ц. ... Read More »

Дибиров прв, Чупиќ втор најдобар стрелец кај Вардар во ЛШ

162526544_10160381260450348_5752399117968136687_o

Ракометарите на Вардар завршија на седмото место во групата и на тој начин за противник во осминафиналето од Лигата на Шампионите го добија тимот на Веспрем. Вардарци групната фаза ја завршија со само 3 победи, исто толку нерешени резултати и 8 порази. Постигнавме вкупно 335 голови, додека примивме 350 во својата мрежа. Како најефикасен играч во групната фаза се покажа ... Read More »

Добри вести: Јотиќ ќе биде во составот за дербито!

jotic1-660x330

Ракометарите на Вардар овој викенд ќе го одиграат дербито на Македонија против екипата на Еурофарм Пелистер. Овој натпревар ќе одговори на многу прашања и ќе биде појасно која екипа во овој момент е поблизу до шампионската титула. Дали Вардар ќе ја одбрани, или таа ќе замине на пат за Битола.. Пред мега дербито, да ви соопштиме една добра вест. Еден од најдобрите играчи ... Read More »