Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 481)

РК Вардар

Мамиќ нема да игра против Вардар

daad

Специјалистот за одбрана во тимот на Кјелце Марко Мамиќ, нема да игра против Вардар поради повреда. Оваа вест е дополнителен негативен податок за тренерот на домаќините Талант Душебајев, кој покрај сега повредениот Мамиќ, има уште неколку други ракометари во “аут”. Мамиќ оваа сезона нема постигнато гол во Лигата на шампионите, но игра одлично во дефанзива па сигурно Вардар ќе има повеќе ... Read More »

Милосављев: Велат добар си нема да останеш долго, јас одговарам- Сакам до крај на кариерата да сум во Вардар

milosavljev-3

Дејан Милосављев може да кажеме дека дојде тивко, но веднаш стана ѕвезда. Со своите одлични партии во дресот на Вардар стана миленик на публиката, и незаменлив дел од екипата. Сите во него го гледаат наследникот на Арпад Штербик, но за младиот Дејан Милосављев поважно е тимот да продолжи да победува. Така и неговата желба се исполнува, и онаа на клубот ... Read More »

Младинците на Вардар Јуниор со пораз во дербито од Металург 2 ја стартуваа сезоната во младинската лига

wr

Младинците на Вардар Јуниор со пораз ја стартуваа новата сезона во младинската ракометна лига. Избраниците на Пепи Манасков и Стојан Петрушевски во С.Ц. Јане Сандански беа поразени во дербито од екипата на Металург 2, во рамките на групата 2. Гледавме неизвесен меч со многу погодоци, на кој на крајот подобро се снајде тимот од Автокоманда. Двете екипи постојано се менуваа ... Read More »

Три млади категории на Вардар викендов ќе имаат мечеви, младинците и младинките го играат 1.коло

dd

Викендов кај младите ракометни категории  на PK Вардар во двете конкуренции, момци и девојки ќе се одиграат вкупно три дуели. Во продолжение погледнете ги нашите ривали во овие мечеви и термините. *Кај дамите ќе одиграат дуел две екипи: Младинки 1.коло: Вардар-РК Кузман, недела, 14.октомври, 15-00часот (Ј.Сандански) Кадетки 6.коло:  Деспина-Вардар, сабота, 13.октомври, 10-00 часот (Р.Р-Ричко ) *Кај момците ќе се играат викендов ... Read More »

(ВИДЕО) Најдоброто од Дисингер

disinger

Кристијан Дисингер е новото големо засилување на Вардар. Дисингер ја има таа чест да биде првиот Германец кој ќе го носи дресот на црвено – црните од Скопје. Доколку не го познавате добро овој ракометар, тогаш преку овој видео материјал можете да видите за каков бек шутер станува збор. Дисингер како што е познато дојде во редовите на Вардар од Кил. Видео: Read More »

Вардар Јуниор утре против Пелистер во “Јане Сандански“, нашите момци ќе одат на 3/3 на домашен терен

vardarfans-vardar-junior-660x330

Викендов на програмата во машката Супер лига на програмата е 5.коло. Во истото црвено-црниот млад ракометен колектив, Вардар Јуниор е домаќин. Ние утре  ќе ја пречекаме екипата на РК Пелитер од Битола, дуелот ќе се игра во малата сала при СЦ “Јане Сандански“-Скопје. Истиот ќе започне со почеток во 18-00 часот. Ние досега  по четири кола имаме половичен успех, имаме ... Read More »

Дисингер го имаше првиот тренинг во Вардар

vardarfans-disinger

Најновото засилување за Вардар, германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер после потпишување на договорот со црвено-црните веднаш се фати за работа. Новиот лев бек на Вардар вчера попладне го имаше првиот тренинг во својот нов клуб, каде имаше можност да се запознае со своите соиграчи. Дисингер нема да биде во составот за дуелот со Киелце во Лигата на Шампионите, кој ќе се ... Read More »

РК Пролет поведе па го разбуди “црвено-црниот лав“, кадетите на Вардар се вратија со пеколна серија и убедливо победија

w

Денес во салата “Македонско Сонце“ екипата на РК Тинекс 62 од Скопје ја пречека кадетската екипа на РК Вардар во меч од 7.коло во групата-1. Домаќинот на почетокот се закани со водство, но екипата на  Будимир Андријана и Станковски Аце  им пружи ракометна лекција во продолжение. Тие со оваа нова победа дојдоа до шестата победа од исто толку мечеви, како и лани така и ... Read More »

Дисингер: Навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа!

dsasasasa

Германецот Кристијан Дисингер започна со тренинзи со новиот тим. Дисингер не ја криеше радоста, па така уште во првата изјава соопшти дека навивачите на Вардар се феноменални и дека се убедливо број еден во Европа. „По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите ... Read More »

ОФИЦИЈАЛНО: Дисингер во Вардар две години!

dsasdasa

Официјално, репрезентативецот на Германија Кристијан Дисингер (26), ќе го облече дресот на Вардар и во следните две години ќе игра во Скопје. Германецот треба да биде огромно засилување на левата бековска позиција во нападот, каде треба да му биде од голема помош на одличниот Борозан. Исто така Вардар добива и одличен играч, кој знае да одигра во одбрана, и со ... Read More »