Ова е последен слободен викенд во младинските ракометни лиги, веќе идниот викенд почнуваат натпреварите во женска и машка кадетска конкуренција. Вардар и во двете категории ќе биде домаќин во првото коло на својте ривали. Кадетите на ракометниот клуб Вардар изминатата сезона предодени од Адријана Будимир на доминантен начин се “прошетаа“ до најсјаното одличје во пионерската лига. Тие во кадетската лига беа ... Read More »
РК Вардар
Лош натпревар на Вардар и висок пораз од Брест Мешков
По добрата претстава против ПСЖ, денеска црвено – црните одиграа лош натпревар и заслужено беа поразени со резултат 8:13 (22:32) од тимот на Брест Мешков на меѓународниот турнир во Стразбур. Уште од самиот старт нашиот тим имаше негатива, во 15. минута од натпреварот тимот на Брест Мешков имаше предност од два плус, 6-4. Слабата реализација во нападот продолжи и понатаму, веќе во 20. ... Read More »
Милосављев не се шегува, 14 одбрани против ПСЖ!
Дејан Милосављев иако се чини дека е потценет од ракометната јавност, сепак, новиот голман на Вардар со своите партии во подготвителниот период покажува дека може на еден натпревар да “фати” и по 14-15 топки и тоа на феноменални екипи. Еден од најзаслужните што Вардар имаше “плус шест” вчера на полувреме против ПСЖ е токму голманот Милосављев кој за 30. минути имаше ... Read More »
Стоилов ќе паузира неколку недели
Во следнот период Вардар ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој има скршеница на десната дланка. На мечот со ПСЖ на турнирот во Стразбур нашиот играч во дуел со Лука Карабатиќ ја повреди дланката поради што не настапи во второто полувреме. Првичните лекарски наоди покажуваат скршеница, а подетални наоди ќе има по враќањето во Скопје. Сигурно е дека оваа повреда ... Read More »
Екипата на Брест Мешков е вториот противник на црвено-црните, на турнирот во Стразбур
Денес со почеток од 18:15 часот, екипата на Вардар ќе го одигра вториот натпревар на силниот меѓународен турнир во Стразбур, противник ќе ни биде Брест Мешков. Во текот на вчрашниот ден, црвено-црните одиграа со нерешен резултат против тимот на ПСЖ, иако во еден момент имавме и највисоки седум голови разлика. На тој дуел се случи повреда на капитенот, Стојанче Стоилов ... Read More »
Омејер: Вардар е голем тим, секогаш е добро да се одмерат силите со нив
Вардар одигра одличен натпревар на отварањето на силниот меѓународен турнир во Стразбур. Црвено-црните во најголем дел од дуелот имаа предност против ПСЖ, која во еден момент изнесуваше највисоки седум голови разлика. Сепак во вториот дел, французите ја “стопија„ негативата и на крајот се изборија за нерешен резултат (33:33). Еден од најдобрите голмани на денешеницата, Тиери Омејер истакна дека Вардар е ... Read More »
(ВИДЕО) Неизвесни и драматични беа последните минути од дуелот Вардар – ПСЖ
Вчера, РК Вардар во Стразбург и тоа со некомплетен ростер и со само еден “чувар на мрежата“ покажа дека и во новата сезона од ЕХФ Лигата на шампионите ќе биде конкурентен. Вардарци пред да дојде заморот, поради кратката клупа водеа постојано против најбогатиот ракометен клуб, ПСЖ предводен од Раул Гонзалез. Во првиот дел имаа водство од седум гола, а на крајот промашивме пенал ... Read More »
Повторно црвено-црната машина е во погон, Гонзалез и ПСЖ мораа да се “вадат“ у финишот против некомплетниот Вардар
Вардар вечерва го одигра првиот натпревар на турнирот во Стразбург, Франција во кој се сретна со ПСЖ на Гонзалез. Нашите момци одиграа квалитетен меч во кој успеаа и покрај тоа што играа без Борозан и Карачиќ, а потоа и Стоилов да дојдат до реми. Ние водевме во поголем дел од дуелот против скапиот ПСЖ, Гонзалез првпат ја почуствува маката да го имаш ... Read More »
Убедливи 30. минути на Вардарци, против ПСЖ и Гонзалез!
Иако РК Вардар вечерва игра без двајцата битни играчи Борозан и Карачиќ, сепак, по првиот дел води против ПСЖ на турнирот во Франција со резултат 14-20. Уште од самиот старт, па се до крајот на првиот дел нашиот тим има предност, која во моменти изнесуваше и седум голови позитива. Да напоменеме дека на овој натпревар деби во новиот “црвено – црн” ... Read More »
Вардар против ПСЖ и Гонзалез, го отвара турнирот во Стразбур
Денес со почеток од 20:15 часот, екипата на Вардар ќе го одигра првиот натпревар на силниот меѓународен турнир во Стразбур. Противник е шампионот на Франција, тимот на ПСЖ кој е предводен од поранешниот вардаров тренер, Раул Гонзалез. ПСЖ со победа го отвори турнирот, откако во текот на вчерашниот ден славеше над екипата на Брест Мешков (35:29). Екипата оваа сезона цели ... Read More »