РК Вардар 1961 на својата официјална страница објави: . …Има повеќе поводи за одлично дружење.. Ова е година на Јубилеи во семејството Вардар. Фудбалскиот Клуб Вардар ја прославува 75 годишнината од формирањето, преку фузијата на тогашните скопски клубови Победа и Македонија. Ракометниот Клуб Вардар ги обедини јубилејните 15-ти Титули во Шампионатот и Купот, во годината на нашиот 35 годишен Јубилеј. ... Read More »
РК Вардар
(ВИДЕО) Пред три години лудо славје: Низ цело Скопје ечеше Вардар, Вардар..
Пред точно три години, тимот на РК Вардар успеа по втор пат во својата историја да ја освои Европската титула. На денешен ден се одигра големото финале во Келн, во кое се сретнаа нашиот Вардар и екипата на Веспрем. Избраниците на Гарсија Парондо славеа во финалниот дуел со резултат 27:24. По дуелот, следуваше лудо славје низ скопските улици, а потоа ... Read More »
Пред три години, Вардар повторно ја „покори“ Европа и по втор пат ја освои ЛШ
Пред точно три години, тимот на РК Вардар успеа по втор пат во својата историја да ја освои Европската титула. На денешен ден се одигра големото финале во Келн, во кое се сретнаа нашиот Вардар и екипата на Веспрем. Избраниците на Гарсија Парондо славеа во финалниот дуел со резултат 27:24. Гледавме квалитетен натпревар, се играше израмнето, но Вардар беше екипата која ... Read More »
Валчак: Никогаш нема да ги заборавам годините поминати во Вардар
После две сезони поминати во црвено-црниот дрес, Патрик Валчак, го напушта Вардар и се сели во Португалија. „Беше неверојатно. Овие две години ми претставуваа голема чест. Никогаш нема да ги заборавам луѓето со кои работев и што научив благодарејќи на нив. Ви благодарам на сите“, напиша Валчак на социјалните мрежи. Валчак заминува во екипата на Спортинг Лисабон, а негова замена во ... Read More »
Тимур Дибиров е единствениот вардарец кој е номиниран во изборот за најдобриот тим во ЛШ
ЕХФ го објави изборот на играчи кои ќе конкурираат за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за натпреварувачката сезона 2021/22. Гласањето ќе трае до 15.јуни, а во изборот се најде само еден ракометар на Вардар, се работи за Тимур Дибиров. Дибиров е номиниран на позицијата лево крило, а негова конкуренција се Хампус Ване (Фленсбург), Хуго Дескат (Монпелје), Дилан Нахи (Киелце), ... Read More »
РК Вардар врши упис во младите категории
Информација преземена од официјалната страница на РК Вардар 1961: БИДИ ДЕЛ ОД РК ВАРДАР Ракометниот клуб Вардар врши упис во млади категории – родени 2008/2009 и помлади кои сакаат да бидат дел од пиoнерската екипа. Сите заинтересирани треба да се пријават и да ги остават следните информации: * датум на раѓање * висина * тежина * колку години тренирате * ... Read More »
СЕХА лигата ќе продолжи со девет екипи
Поради настаните и војната во Украина, раководството на СЕХА – лигата го „замрзна“ ова натпреварување, во кое што учествуваат и РК Вардар 1961. Продолжувањето беше под знак прашање, сега има најави за такво нешто и тоа од изјавата на Борис Сапожников, инаку потпретседател на ова натпреварување. Тој во изјава за специјализираниот портал за ракомет “Брз Центар“ на таа тема изјави: “Планираме сезоната да ... Read More »
Познати противниците на „Медитеранските игри“ за машката и женската ракометна селекција
Ракометната репрезентација на Македонија ова лето ќе се натпреварува на Медитеранските игри во Алжир со женската и машката А-Селекција. Селекторите Кирил Лазаров и Љубомир Савевски се реши за комбинирани состави. Во двете селекции има голем број на играчи од ракометнете клубови Вардар. Веќе се познати и противниците на машката селекција на Македонија за овој турнир. Среќата посака избраниците на Лазаров ... Read More »
Стефан Крстевски го напушта РК Вардар и се сели во Бутел
Средниот бек на РК Вардар, Стефан Крстевски во новата сезона ќе биде дел од екипата на Бутел, со која потпиша договор на една година. Стефан Крстевски кој потекнува од школата на Ресен, во 2014 година доаѓа во РК Вардар, клуб во кој ги помина сите младински екипи, исто така беше дел и од првиот тим на Вардар со кој имаше ... Read More »
РК Вардар и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите
РК Вардар ја обедини двојната круна во Македонија, откако успеа и по 15. пат да стане освојувач на домашното првенство и Купот. Од следната сезона, црвено-црните повторно ќе ги гледаме во Лигата на Шампионите, откако ЕХФ веќе потврди 7 од 16 екипи, кои во новата натпреварувачка сезона ќе бидат дел од најсилното ракометно натпреварување. Покрај Вардар, сигурно учество имаат и ... Read More »