Конечно и вардаровата армија на навивачи дочека да се радува на еден огромен трофеј. Овие веќе три дена главни во градот и во државата се ракометарите и навивачите на Вардар. Погледнете низ овие видео материјали, како изгледаше дел од жешкиот амбиент во Скопје. Read More »
РК Вардар
Сите патишта вечер водат кон “Јане Сандански“, нова прослава на четирите пехари и уште едно црвено-црно лудило
Вечерва сите патишта водат кон Спортскиот центар “Јане Сандански“ каде во 21-00 часот повторно ќе биде црвено-црно лудило. Влезот за овој настан е бесплатен и на истиот ќе имаме прилика да ги видиме сите четири пехари освоени оваа сезона. Трите претходно (ЛШ, СЕХА и Куп на Р.М) и пехарот за Шампион на Македонија кој ќе се додели вечер заедно со ... Read More »
РК Вардар-2 совладан од Металург-2 во баражот
Во салата Автокоманда вчера се одигра бараж-натпреварот за опстанок во македонската ракометна Суперлига. Претпоследниот во плејаут-фазата тимот на Металург 2, се сретна со второпласираниот тим од Првата лига екипата на РК Вардар 2. Екипата на Металург 2 убедливо го совлада нашиот млад колектив предводен од Зоран Петковски-Зенга со 36-26. Во воедните минути Вардар 2 беше рамноправен противник, потоа домаќините во ... Read More »
Кањелас на својот “Твитер“ : Без зборови, ова е Скопје
Само една сезона е во дресот на Вардар и веднаш стигна до Европската титула. По неколку неуспешни обиди на завршните турнири, конечно му се оствари желбата на Жоан Кањелас да биде шампион на Европа. Тоа се случи токму со екипата на Вардар. После пречекот кој им го приреди народот во Македонија, Кањелас изјави “Сега знам зошто сите ја сакаат Македонија, ... Read More »
Реакции на играчите, кои заедно со Македонскиот народ ја прославија Европската титула
Илјадници граѓани кои дојдоа од различни градови од цела Македонија да ги поздрават новите шампиони на Европа, беа видно задоволни и среќни што можат за момент да ги гушнат и да им честитаат на новите Македонски херои. Играчите на Вардар се восхитуваа на пречекот, кој им го организираше нашиот народ и сите заедно го прославија големиот трофеј. Какви беа реакциите ... Read More »
Најпрестижните шпански весници, пишуваа за пречекот на ракометарите по освојување на трофејот во ЛШ
Пречекот на ракометарите на Вардар по освојување на Европската титула, одекна на големо и во Шпанија, земјата која дава четири Вардарови играчи, на чело со командандот, Раул Гонзалес. Најпрестижните спортски весници во оваа земја, “Ел Мундо Депортиво“ и “АС“ пишуваа за вчерашните случувања во нашата земја и за пречекот на ракометарите од страна на народот во Македонија. -За мала земја ... Read More »
Официјално, мечот со Борец се игра во Велес од 17 часот, додека во 21 часот во Јане Сандански е свечената церемонија на доделување на медалите и сите освоени трофеи
Официјално, натпреварот од последното коло во најсилната супер лига, помеѓу екипите на Борец и Вардар, сепак ќе се одигра во Велес, не како што објавивме во Јане Сандански. Велешани ќе имаат можност во својата сала да ги видат новите европски шампиони, како и освојувачи на СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Натпреварот во салата во Велес утре, ќе започне од 17 ... Read More »
Гонзалес: Ветувам дека и следната сезона ќе се потрудиме да бидеме на врвот
Раул Гонзалес е тренерот кој на Вардар му ја донесе првата европска титула во историјата на клубот. Шпанскиот стратег ги надмудри своите противници на двата завршни натпревари во Келн и на крајот заслужено се радуваше на трофејот. Ова е сигурно најдобра сезона, во тренерската кариера на Раул Гонзалес и на времето кога му беше помошник на Талант Душебаев. Со четири ... Read More »
Стоилов: И покажавме на Европа како се игра ракомет
Европските шампиони денес пристигнаа во Скопје и беа поздравени од толпа народ, кои излегоа на улиците да го поздрават новиот владател на Европа. Честа прв да го подигне освоениот трофеј од лигата на шампионите го имаше капитенот Стојанче Стоилов, кој денес се обрати на Македонскиот народ. -Добар ден скопје, добар ден Македонијо, заслуживме ние, заслужи Македонија. Бидете горди на овие ... Read More »
(ФОТО) Денеска се беше во знакот на Вардар
Денеска се беше во знакот на Вардар. Денеска цело Скопје и пошироко беше обоено во црвено и црно. Погледнете низ неколку фотографии колку народ дојде да ги поздрави ракометните херои. Повеќе од 70.000 илјади луѓе дојдоа на плоштадот во Скопје. Read More »