Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 690)

РК Вардар

Вардарци денеска против Борец

rkv

Ракометарите на Вардар по кратката пауза повторно ќе одиграат два натпревари за четири дена во ракометната Супер лига. Попладнево со почеток во 17 часот нашиот шампион ќе биде домаќин на тимот на Борец од Велес. Овој натпревар ќе биде како увертира за натпреварот кој следи во четврток, против директниот конкурент за титулата. тимот на Металург. Вардар на натпреварот во четврток против ... Read More »

Во четврток од 19 часот, РК Вардар ќе се “судри“ со Металург, за одбрана на домашната титула

vardarfans-rk-vardar

После освојување на СЕХА-лигата и историскиот пласман во Келн, нашиот ракометен шампион е пред нов предизвик, наречен одбрана на домашната круна во супер-лигата. За тоа да се оствари, избраниците на Гонзалес треба да го победат Металург со повеќе од три голови разлика. Овој натпревар, кој треба да го даде новиот шампион на Македонија треба да се одигра во четврток со ... Read More »

РФМ: Честитки за сребрениот медал на Вардарки, доколку имаше еднаков судиски критериум тие на крајот ќе беа шампиони

vardarfans-rfm

Ракометната федерација на Македонија излезе со соопштение по повод изминативе два дена, каде настапи имаа женскиот ракометен клуб на Вардар и машката ракометна репрезентација. Генералниот секретар, Филип Милошевски им го честиташе сребрениот медал на Вардарки, со напомена дека доколку имавме еднаков судиски критериум сигурно дека црвено-црните ќе ја освоеле европската титула. Исто така истакна дека нашите девојки лавовски се бореле, ... Read More »

Ракометарите на Вардар имаа нови настапи за своите репрезентации, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска

vardarfans-kvalifikacii

Изминатиов викенд беше наменет за ракометни натпревари, во рамките на квалификациите за европското првенство, кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Десет играчи на Вардар имаа настап за своите репрезентации. Македонија е поразена на реваншот во Рејкјавик од селекцијата на Исланд со резултат 30:29. Во најголем дел од првото полувреме имавме водство, кое достигна до три гола (10:7). ... Read More »

Куманово без шанси за разиграните Вардарци на Зоран Петковски

vardarfans-rk-vardar-2

Екипата на РК Вардар 2 стигна до нова победа во рамките на првата ракометна лига. Денес црвено-црните гостуваа на Куманово кој го совладаа со резултат 28:37. Во првите 3 минути се играше гол за гол, за понатаму Вардарци први да се одлепат резултатски и да поведат со 2:5. Домашниот тим намали за момент на 4:5, но избраниците на Зоран Петковски ... Read More »

РК Вардар 2 во недела гостува на Куманово, во рамките на првата ракометна лига

vardarfans-rk-vardar-2

Екипата на РК Вардар 2 овој викенд ги продолжува натпреварите во првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски во недела гостуваат во Куманово на истоимената екипа, дуел кој ќе започне од 13:30 часот. До крајот на сезоната остануваат уште три кола за одигрување, а младите Вардарци се поизвесно е дека ќе завршат на второто место. Лидер на табелата со шест ... Read More »

Карачиќ го продолжи договорот со Вардар за уште две години

vardarfans-karacik

Одлична вест ни пристигна од тимот на РК Вардар, а тоа е дека  и  следните две сезони ќе го има во своите редови средниот бек Игор Карачиќ. Хрватскиот репрезентативец и црвено-црниот тим се договорија продолжување на соработката до 2019 година. Карачиќ е еден од играчите на кои им завршуваа договорите сезонава, и клубот веќе преговара со сите за нивно останување ... Read More »

Раул Гонзалес со победа дебитираше, на клупата на Македонската ракометна репрезентација

07

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес со победа стартуваше на клупата на Македонската ракометна репрезентација. Вчера во спортскиот центар Борис Трајковски, Македонија се сретна со селекцијата на Исланд, која ја победи со резултат 30:25. Противникот имаше подобар старт на натпреварот, каде успеа да поведе со 0:2, но потоа следуваше серија од четири последователни голови за нас, со што успеваме да поведеме ... Read More »

(ВИДЕО) Четворица играчи на Вардар беа дел од најдобриот тим на СЕХА-лигата

vardarfans-idealen-tim

Како што е познато екипата на РК Вардар е освојувач на СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Црвено-црните во финалето ја победија екипата на Веспрем, со резултат 26:21 и на тој начин го освоија третиот трофеј во ова натпреварување, со кој станаа најтрофејниот тим. По одигрување на финалниот натпревар беше избран идеалниот тим на СЕХА-лигата. Во него имаше место за четворица ракометари ... Read More »

Борозан постигна 11 голови за Црна Гора, одличен и Деревен во поразот на Русија, додека Душебаев и Кањелас постигнаа заедно 7 голови за Шпанија

vardarfans-borozan

Во текот на вчерашниот ден се одиграа натпревари во рамките на квалификациите за европското ракометно првенство, кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Активни беа ракометари од Вардар со своите репрезентации. Русија на домашен терен доживеа убедлив пораз од селекцијата на Шведска и сеуште остана без победа во својата група, каде има само два нерешени резултати, а ова ... Read More »