Wednesday ,14 May 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 131)

Прв Тим

ЕХФ прашува: Кој беше вашиот омилен играч од шампионскиот тим на Вардар? во 2019 година

vardar-po-vtorpat-e-evropski-prvak-20945

Во 2019 година, Вардар по втор пат ја освои Европската титула. откако во големото финале го победи тимот на Веспрем. Претходно во полу-финалето после голем пресврт, црвено-црните беа подобри од екипата на Барселона. Вардар беше составен од квалитетни играчи, а ЕХФ на својата официјална страна прашува кој беше вашиот омилен играч од овој неверојатен тим. Тука се Карачиќ, Скубе, Милосављев, ... Read More »

ОФИЦИЈАЛНО: Јотиќ си заминува од редовите на Вардар

jotic1-660x330

ОФИЦИЈАЛНО: Ловро Јотиќ си заминува од редовите на РК Вардар 1961 по само една сезона. Тимот на Лајпциг на својата официјална веб-страна го официјализираше неговото доаѓање во Бундес лигата. Јотиќ потпишува договор на една година со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона. Јотиќ беше голема желба на сегашниот тренер на ,,црвено – црните” , но по само една сезона и двајцата ... Read More »

КОНЕЧНО! Публиката се враќа на трибините, РК и ЖРК Вардар во Купот ќе имаат поддршка

184334624_317420086677632_4099820442096919875_n

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево ја потврди најрадосната вест за сите вљубеници во спортот во државата, а тоа е дека утре, на седницата на Владата и официјално ќе биде дозволено враќање на публиката на спортските натпревари.  Ова ќе биде првпат по стартот на пандемијата да се дозволи присуство на навивачи на трибините и тоа по пауза од 14 месеци, ... Read More »

Вујо ќе се врати на клупата на Вардар!

vardarfans-vujovic-660x330

На дилемите полека им доаѓа крајот. Веселин Вујовиќ седнува на клупата на РК Вардар 1961 од натпреварувачката сезона 2021/22. „Хендбол-планет“ пишува дека од свои извори добил потврда за тоа дека Веселин Вујовиќ третпат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Вујовиќ како тренер на Вардар oсвои многу титули меѓу кои три домашни, исто толку куп титули и една СЕХА-лига. Сега, само прашање ... Read More »

Враќање на публиката во салите?

sc-jane-sandanski-vo-top-5-sali-vo-liga-na-shampionite-8034

Враќање на публиката во салите? Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки што министерот Венко Филипче ги предложи на Главниот координативен кризен штаб. Ако се усвојат предлозите треба да очекуваме со почитување на протоколите од 2020 година, да биде дозволен 30% од целосниот капацитет на салите. Ова би можело да значи дека РК Вардар 1961 ќе игра пред ... Read More »

Преглед на 9.коло, РК Вардар продолжи со максималниот ефект

183549578_151132907020632_2247118827760763349_n

Изминатиов викенд се комплетираше и 9.коло во плеј-офот од ракометната Супер лига, во кое победи забележаа фаворитите. Вардар немаше проблеми на дуелот со Охрид и стигна до висока победа, додека до нови бодови стигна и екипата на Еурофарм Пелистер која се „намачи“ да го победи Бутел на гостински терен. До цел „плен“ во ова коло стигнаа и екипите на Пролет ... Read More »

Новиот вардарец ја спушти ролетната!

tomovski

Идниот чувар на мрежата на РК Вардар 1961, Мартин Томовски вчера ја имаше партијата на сезоната во Бундеслигата. Со 17 интервенции, идниот чувар на мрежата на ,,црвено – црните” покажа дека се наоѓа во одлична форма. Сега теоретски се шансите на Лудвигсхафен за опстанокот по победата на гостувањето кај Ерланген со 19:24. Несомнено, вардарци добиваат големо засилување помеѓу стативите за идната сезона. Да ... Read More »

Ел-Тајар две сезони на позајмица во Вардар 1961!

rkvv

По репрезентативецот на Македонија Мартин Томовски, Вардар 1961 договори уште еден голман за идната сезона. Се работи за египетскиот репрезентативен голман Мохамед Есам Ел-Тајар кој доаѓа во Скопје на две-годишна позајмица од редовите на Ал-Ахли. Дека се работи за фантастичен голман и дека ,,црвено – црните” добиваат екстра засилување помеѓу стативите покажа последното Светско првенство, каде Ел-Тајар бранеше маестрално. Наскоро очекуваме и ... Read More »

Металопластика ќе биде противник на Вардар во 1/8 финалето на СЕХА

165554218_127380499395873_5356219258088268109_n

Екипата на Металопластика ќе биде противникот на Вардар, во осмина-финалето од СЕХА-лигата. Црвено-црните завршија на третото место во групата Б, што значи дека за противник во следната елиминациска рунда го добиваат тимот на Металопластика кој ќе заврши како четвртопласиран во групата А. Вардар имаше можност да започне од 1/4 финалето, но таа варијанта не им изгледаше идеална, со оглед дека ... Read More »

Вардар сигурно чекори кон титулата, совладан и ГРК Охрид

rkv

Денес во СЦ. ,,Јане Сандански” се одигра натпреварот на Вардар и ГРК Охрид во рамките на 9.коло од плеј-офот во ракометната Супер лига. Очекувано, ,,црвено – црните” ja запишаа деветтата победа без многу мака. Во текот на целиот натпревар Вардар водеше, а на крајот победи со резултат 37:29. Првите десет минути од дуелот му припаднаа на домаќинот кој имаше водство од 8-4. ... Read More »