Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 249)

Прв Тим

Кокшаров и Стоилов: Веспрем е фаворит, бројот на повредени играчи кај нас е голем

vardarfans-stoilov

Вардар во недела ја пречекува екипата на Веспрем, дуелот кој ќе се игра во Јане Сандански веќе е распродаден, се очекува голема поддршка за црвено-црните. Сепак на денешната прес-конференција тренерот и капитенот на Вардар ја препуштија фаворитската улога на гостинот поради големиот број на повредени играчи. Кокшаров: Повредените играчи се повторно проблем, таа тема сакам да ја затворам и нема ... Read More »

(ВИДЕО) Димитриоски и Дибиров во изборот на најдобри голови за месец ноември во СЕХА

vardar-motor-seha-13-11-2019-228771

Двајца играчи на Вардар се најдоа во изборот за најдобри голови во СЕХА-лигата, за месец ноември. Се работи за голот на Димитриоски во дуелот со Војводина и на Дибиров против екипата на Мотор Запорожје. Погледнете ги најдобрите голови за месец ноември во СЕХА-лигата. Read More »

Среќен роденден Глеб Калараш

vardarfans-kalaras

Денес својот 29-ти роденден го прославува играчот на РК Вардар, се работи за Глеб Калараш. Рускиот репрезентативец ја игра втората сезона во црвено-црниот дрес, клуб со кој успеа да ја освои и Европската титула. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГЛЕБ !! Read More »

Прес-конференција на РК Вардар за мечот со Веспрем

pokana-za-pres-konferencija-22630

Во недела, во С.Ц. Јане Сандански, Европскиот ракометен Шампион ќе го одигра последниот натпревар за оваа година, во Лигата на Шампионите. Во Скопје ќе гостува екипата на Веспрем, во рамките на 10.коло во најсилната група Б. По тој повод, клубот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги изнесе очекувањата за претстојниот дуел. Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала на ... Read More »

Мотор го победи Порто, црвено-црните со триумф против Веспрем ќе се искачат место погоре на табелата

dcm_5870-copy-1024x683

Вчера се одигра првиот натпревар во групата во која настапува и екипата на Вардар. Тимот на Мотор Запорожје пред своите навивачи беше подобар од Порто. Екипата на Мотор Запорожје ја искористи шансата да слави против „преполовениот“ тим на Порто, кој не беше комплетен на овој дуел. Во најголем дел од мечот, домашниот тим беше во предност, додека екипата на Порто ... Read More »

РК Вардар: Известување за натпреварот против Веспрем

76956512_10158726520560348_8057620416962756608_n

 Ракометниот клуб Вардар за следниот дуел во шампионската лига помеѓу европскиот првак и тимот на Веспрем кој ќе се игра во недела излезе со соопштение за присутните. Во истото кое е објавено на официјалната страница на клубот се вели: Сите посетители на натпреварот меѓу Вардар и Веспрем од ЕХФ лигата на шампионите, во недела, 1 декември при влез во салата ... Read More »

Најава на новото коло во ЛШ кое стартува денес, во дербито Вардар е домаќин на Веспрем

74455201_10158685773195348_4332699700386856960_o

Со натпреварот вечерва меѓу екипите на Мотор Запорожје и Порто ќе стартува 10.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите. Екипата на Мотор ќе се обиде да стигне до првиот триумф сезонава во најголемото натпреварување. Шампионот на Украина има само два освоени бодови, откако по еднаш ремизираа во дуелите, токму против Порто и во минатото коло кога направија големо ... Read More »

Среќен роденден Калифа Гедбан

vardarfans-gedban

Денес својот 23-ти роденден го прославува голманот на Вардар, Калифа Гедбан, кој минатат сезона го засили голот на Вардар. Овој млад „чувар на мрежата“ беше дел од тимот кој ја покори Европа и ја донесе втората шампионска круна за црвено-црните во Келн. Нашата редакција на алжирецот му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар.  СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КАЛИФА ! Read More »

Кил остана лидер во групата, Вардар падна на шесттото место

meshkov-brest-vardar-20191123-118

Пред нас е и 9.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите, во кое се случија неколку изненадувања. Вардар претрпе убедлив пораз на гостувањето кај екипата на Брест Мешков, со резултат 31:22. Долго време имаше резултатска неизвесност, за работите да излезат од „колосек“ и на крајот да претрпиме пораз со скоро двоцифрена разлика. Извештај од мечот можете да прочитате ... Read More »

Верувале или не, голманите на Вардар имаа само една единствена одбрана во вториот дел

vardarfans-gedban

Резултатската криза во Европскиот шампион се продлабочи откако и овој викенд Вардар не успеа да победи, овој пат во Белорусија кај шампионот на оваа земја, Брест Мешков. Вардар одигра добро и водеше по првиот дел, па следуваше катастрофално второ полувреме во кое заслужено домаќинот на крајот се радуваше на висока и убедлива победа од девет гола разлика. А и не ... Read More »