Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 276)

Прв Тим

Европскиот Шампион немаше проблеми, Вардар утре против Кил во 1/2 финалето на „Супер Глоуб Купот“

69165550_10158402715835348_9125336436206206976_n

Европскиот Шампион успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на „Супер Глоуб Купот“ откако вечерва во една рутинска игра успеа да го победи тимот на Ал Мудар. Натпреварот започна со по еден гол на двете страни, Вардар го отвори резултатот преку Горпишин, за противникот да врати и да го израмни резултатот. Следуваше период од четири минути во кои и двете екипи ... Read More »

Толедо и Атман се најдоа во ТОП-30 најдобри трансфери, според изборот на „Хандбал Планет“

67893328_10158345310855348_1483248276860829696_n

Традиционално секоја година реномираниот ракометен портал „Хандбал Планет“ прави избор на најдобрите трансфери за новата натпреварувачка сезона. Нивниот избор падна на Расмус Лауге кој го засили Веспрем од екипата на Фленсбург. Второто место му припаѓа на поранешен вардарец, се работи за Лука Циндриќ кој од Киелце премина во Барселона. Во ТОП-40 најдобри трансфери се најдоа и двајца играчи на Вардар. ... Read More »

(ФОТО) Вардарци одработија тренинг пред денешниот меч со Ал Мудар

69179561_10158400194190348_7462922967232544768_n

Европскиот ракометен  шампион вчера вечерта го одработи првиот и последен тренинг пред денешниот дуел од 1/4 финалето на „Супер Глоуб Купот“. Противник на вардарци ќе биде екипата на Ал Мудар која вчера беше подобра од Њујорк Давид Писонеро тренираше со сите расположливи сили на кои може да смета на ова натпреварување. Познато е дека ги нема Стоилов, Калараш и Толедо, додека ... Read More »

Вардар досега продаде околу 3000 сезонски билети!!

Продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар тече солидно. Според информациите, до овој момент се продадени околу 3000 сезонски билети, што значи дека веќе половина од капацитетот на СЦ. „Јане Сандански” е распродаден на 25 денови до првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Регуларната продажба на сезонски билети се врши на касата на билетарницата на ... Read More »

„Новиот” Вардар на дуел со Ал Мудар

rkv

Екипата на Ал Мудар од Саудиска Арабија ќе биде противник на вардарци во денешното четврт-финале кое се игра од 19 часот. Ал Мудар одигра лесен натпревар вчера против Њујорк сити и го совлада со убедливи 33:13 и си закажа дуел со шампионот на Европа. Вардарци се фаворити на овој натпревар, а со нетрпение го очекуваме и дебито на новите играчи. Поради повреди ... Read More »

Телма ќе врши пренос од натпреварите на „Супер Глоуб Купот“, утре Вардар го игра првиот меч

vardarfans-rk-vardar

Единствениот трофеј кој недостасува во витрините на Вардар е оној од неофицијалното светско првенство, или „Супер Глоуб Купот“. Нашиот Европски Шампион веќе се наоѓа во С.Арабија каде од утре ги започнува настапите на ова натпреварување. Од телевизијата Телма најавуваат дека ќе вршат преноси од мечевите на Супер Глоуб Купот, па така Вардар ќе можеме да го гледаме низ директен пренос ... Read More »

(ВИДЕО) Вардар пристигна во Дамам

6y

Момците на европскиот првак Вардар кои синоќа тргнаа кон Дамам, Саудиска Арабија веќе пристигнаа во градот каде што денеска започнува неофицијалното светско клупско првенство,  Супер Глоуб турнирот. Поради проблеми со превозот во текот на денот  би требало да се комплетираат, се очекува пристигнување и на другите ракометари и дел од раководството и техничките лица кои не полетаа со првиот лет. Видеото ... Read More »

Вардарци некомплетни заминаа за С.Арабија, сепак најголем дел од играчите беа со првиот лет

69826297_2579169512328284_815209218259812352_n

Вчера вечерта, Европскиот ракометен Шампион замина за С.Арабија, каде ќе биде дел од неофицијалното светско првенство. Сепак, вардарци не отпатуваа комплетни, турскиот авио превозник не им дозволи на осум членови да полетаат поради ПРЕБУКИРАНОСТ. Најважно е што најголемиот дел од екипата замина, а во Скопје останаа неколкумина за кои ќе се бара друга алтернатива. Меѓу нив се младите Марко Кизиќ, ... Read More »

Павел Атман тренира со тимот, вечерва вардарци заминуваат за С.Арабија

vardarfans-atman

Актуелниот Шампион на Европа вечерва заминува за С.Арабија, каде во периодот од 27-31.август ќе биде дел од „Супер Глоуб Купот“. Она што претходно го објавивме доби и потврда, тоа дека рускиот репрезентативец Павел Атман ќе биде меѓу патниците за ова натпреварување. Тој веќе ги отстранил конците од прстот на десната рака и започна да тренира со топка. Ова е добра ... Read More »

(ФОТО) Тренинг на „Кале“ последна подготовка пред Супер Глоуб

68913739_10158396259665348_2035786383448080384_n

Денес ракометниот клуб Вардар  го имаше последен тренинг пред заминување на Супер Глоуб. Истиот го одржа во култната сала за црвено-црниот тим, Спортскиот центар “Кале“. Ова  беше последна активност пред настапот на  неофицијалното клупско светско првенство Супер Глоуб во организација на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија. Read More »