Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 422)

Прв Тим

Вардар одбраната на СЕХА круната ја започна со триумф, Металург повторно немоќен

111

Ракометарите на Вардар ја започнуваа одбраната на титулата во СЕХА-лигата со победа во мечот против Металург, кој се одигра вечерва во Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје. Момците на Парондо во првиот официјален дуел во регионалната лига победија со резултат 34-28 (17-15). Сино-белите поведоа со голот на Кузмановски со 0-1 на стартот, ние веднаш вративме со двојна мера и преку Дибиров поведовме ... Read More »

Директен пренос од градското ракометно дерби, Металург – Вардар

vardarfans-prenos

Вечерва со дуелот против екипата на Металург, стартува новата сезона во СЕХА-лигата, за екипата на РК Вардар. Мечот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, на кој нашиот шампион се наоѓа во улога на гостин, истиот ќе стартува во 20:45 часот. За сите вардарови навивачи и љубители на ракометот, кои нема да бидат во можност да го проследат натпревар, директен ... Read More »

Вечерва против Металург започнува одбраната на трофејот во СЕХА-лигата, прв меч за црвено-црните во својата арена

vardarfans-najava

Ракометарите на Вардар ја започнуваат одбраната на титулата во СЕХА-лигата. Со мечот против Металург, кој на програмата е вечерва од 20:45 часот, започнува новата сезона во ова натпреварување. Вардар како најтрофеен тим и оваа сезона е најголем претедент за освојување на првото место. Дебитанти во лигата се екипите на Железничар од Ниш и Стеауа од Букурешт, а покрај Вардар со ... Read More »

Дибиров и Парондо: Не очекува тежок меч со Металург, сепак одиме како и секогаш на победа

press-rk

Како и секоја сезона традиционално СЕХА Газпром лигата започнува со македонско дерби меѓу Вардар и Металург. Првично средбата требаше да се игра на гостински терен, но во договор со клубовите средбата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански” во среда од 20,45 часот. По тој повод денес имаше пресконференција на која тренерот и заменик капитенот на црвено-црните дадоа свои видувања. ... Read More »

Денес, прес-конференција на РК Вардар за мечот против Металург

vardarfans-seha1-660x330

Во среда, екипата на Вардар ја стартува новата сезона во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните се условно “гости„ на екипата на Металург, во рамките на првото коло од ова натпреварување, во кое вардарци го бранат трофејот. По тој повод, денес клубот со почеток од 12:00 часот во прес-конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански ќе одржи прес-конференција, на која ќе ... Read More »

Вардар со пораз од Нант, го заврши турнирот во Стразбур на шестото место

40091608_1890928220954312_4606019376015998976_n

Вардар со минимален пораз од Нант го заврши турнирот во Стразбур на шесттото место. Вардарци и покрај тоа што беа ослабени на овој натпревар за неиграњето на Карачиќ, Стоилов и Борозан добро го започнаа овој натпревар и од самиот старт имаа предност, која најмногу достигна до четири голови ралика, во 12 минута од дуелот кога резултатот на семафорот гласеше 4:8. ... Read More »

Вардар против Нант, на последниот натпреварувачки ден на турнирот во Стразбур

vardarfans-pregled1-660x330

Денес Вардар ќе го одигра последниот натпревар на меѓународниот турнир во Стразбур. Во борбата за петтото место противник ќе ни биде екипата на Нант од Франција, за која настапува Кирил Лазаров. Дуелот на програмата е од 13:00 часот. Избраниците на Парондо имаа добар старт на турнирот, кога на првиот дуел ремизираа со екипата на ПСЖ (33:33), за на вториот дуел ... Read More »

Лош натпревар на Вардар и висок пораз од Брест Мешков

40019625_10157316459500348_1531645780828356608_n

По добрата претстава против ПСЖ, денеска црвено – црните одиграа лош натпревар и заслужено беа поразени со резултат 8:13 (22:32) од тимот на Брест Мешков на меѓународниот турнир во Стразбур. Уште од самиот старт нашиот тим имаше негатива, во 15. минута од натпреварот тимот на Брест Мешков имаше предност од два плус, 6-4. Слабата реализација во нападот продолжи и понатаму, веќе во 20. ... Read More »

Милосављев не се шегува, 14 одбрани против ПСЖ!

rkv-milosavljev

Дејан Милосављев иако се чини дека е потценет од ракометната јавност, сепак, новиот голман на Вардар со своите партии во подготвителниот период покажува дека може на еден натпревар да “фати” и по 14-15 топки и тоа на феноменални екипи. Еден од најзаслужните што Вардар имаше “плус шест” вчера на полувреме против ПСЖ е токму голманот Милосављев кој за 30. минути имаше ... Read More »