Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 265)

ЖРК Вардар

Андреа Човиќ ѕвезда во четвртфиналето од ЛШ

vardarfans covic

Андреа Човиќ имаше одлична партија во четвртфиналето од ЛШ, нашиот кружен напаѓач го вивна Вардар кон нов завршен турнир во ЛШ. Младата хрватска репрезентативка на овој дуел успеа да постигне шест гола. Овој одличен настап на Човиќ беше забележан и од страна за изборот на трите ѕвезди во ЛШ. Нашата ракометарка се најде во друштво на Едуарда Аморим-Талеска (Ѓер) и Кристина Неагу (Будуќност). Read More »

Пенезиќ не го дава врвот, со големи шанси таму да остане и по одигрување на Ф4 во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар по втор пат го победи Митјиланд и се пласираше на завршниот турнир во Будимпешта. Четрврта сезона по ред, црвено-црните ќе бдиат дел од најдобрите екипи во Европа и за прв пат ќе се обидат да стигнат до шампионската титула. Андреа Пенезиќ беше повторно лидер на Вардар, која го заврши натпреварот со 6 постигнати голови, додека на ... Read More »

Велигденска честитка од Сергеј Самсоненко

Господинот Сергеј Самсоненко испрати честитки до сите верници кои денеска го слават Христовото воскресение. Во целост ви ја пренесуваме честитката од Сергеј Самсоненко. Во празничните денови во кои го славиме Христовото воскресение, нашите молитви нека бидат посветени за мир, здравје и напредок на нашите семејства. Велигден е време на вложување во заедништво и солидарност, вистинско почитување и уважување.  Славејќи ја победата на ... Read More »

Познати патниците на Ф4 во Будимпешта, во вторник Вардар го дознава противникот во полуфиналето

Вардар, ЦСМ Букурешт, Будуќност и Ѓер ќе се борат за европската титула во лигата на шампионите во оваа натпреварувачка сезона. Ова е епилогот од одиграните реванш натпревари во четвртфиналето од најголемото ракометно натпреварување. И на возвратните мечеви победи забележаа екипите на ЦСМ Букурешт, Будуќност, како и Вардар во дуелите против ФТЦ, Ларвик и Митјиланд. Ѓер пак успеа да ја анулира ... Read More »

Селфи за Вардарки, кои го прославија пласманот на Ф4 во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар и оваа сезона ќе игра на завршниот турнир во Будимпешта. Избраничките на Ирина Дибирова по втор пат го победија Митјиланд во четврфиналниот дуел и на тој начин се пласираа во полуфиналето. Ова ќе биде четврто последователно учество за црвено-црните на завршните турнири. Претходните три сезони го освојувавме бронзениот медал и сега се надеваме на нова среќа ... Read More »

Станковски: Митјиланд денес одигра подобро отколку на првиот меч – Човиќ: Честитки до моите соиграчи за пласманот на Ф4

Вардарки го потврдија пласманот на завршниот турнир во Будимпешта, со уште една победа но пред својата публика. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните по втор пат го победија Митјиланд со резултат 26:24. На прес-конференијата после завршување на мечот, пред медиумите се обрати помошниот тренер, Аце Станковски, кој истакна дека Митјиланд одиграл подобро на реваншот во Скопје. -Во Скопје ривалот одигра ... Read More »

БРАВО ДЕВОЈКИ ! ЖРК ВАРДАР ЌЕ ИГРА НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО БУДИМПЕШТА

Вардарки по втор пат го победија Митјиланд и обезбедија учество на завршниот турнир во Будимпешта. Ова е четврто последователно учество на завршните турнири за нашиот ракометен шампион. Натпреварот започна со две одбрани на Амандин Лејно, а првиот гол го постигнува Лакрабер во третата минута. Имавме водство и од 2:0 со погодокот на Радиќевиќ. Гостите од Данска првиот свој гол го ... Read More »

Уште 60 минути не делат до нов четврти завршен турнир во Будимпешта

Денес со почеток од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански се игра реванш натпреварот од четвртфиналето во лигата на шампиони, помеѓу екипите на Вардар и Митјиланд. Црвено-црните со два гола предност ќе го започнат реваншот во Скопје, откако на  гостувањето во Данска славеа со резултат од 26:28. Вардар е во потрага по нов завршен турнир во најголемото ракометно натпреварување, ... Read More »

Објавен составот на ЖРК Вардар за реваншот против Митјиланд

Уште 60 минути ја делат екипата на ЖРК Вардар до нов, четврти последователен завршен турнир во Будимпешта. За таа цел, Вардарки треба да го одработат реваншот во Скопје против екипата на Митјиланд. По првиот натпревар одигран во Данска, резултатот е 26:28 во наша корист, што значи дека со два гола предност ќе го започнеме денешниот меч. Тренерот Ирина Дибирова веќе ... Read More »

Драгана Петковска: Натпреварот со Металург беше еден од нашите подобри одиграни мечеви оваа сезона

ЖРК Вардар СЦЈС втор пат сезонава го победија својот ривал, екипата на Металург во најсилната супер-лига. Во првиот дел од сезоната, двете победи им припаднаа на девојките од Автокоманда, но Вардарки го возвратија ударот и во вториот дел од регуларниот дел се израмнија по бројот на добиени натпревари. Избраничките на Симе Симовски во малата сала на С.Ц. Јане Сандански трумфираа ... Read More »