Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 329)

ЖРК Вардар

Стефанија Мишевска: Атмосферата е на врвно ниво, екипата е сплотена како никогаш досега

Од денес женската екипа на Вардар СЦЈС продолжува со тренинзи во спортскиот центар Јане Сандански, откако изминатиов период беше на подготовки во Маврово. Избраничките на Симовски и Царчев напорно се подготвуваат за новата сезона и предизвиците кои следуваат. Екипата претрпе мали промени во играчкиот кадар. Заминаа само три играчи, додека новајлии се младинките Николовска, Георгиевска, Божиноска и Станикевска. Една од ... Read More »

Мавсар за Вардар Фанс: Вардар е голем проект кој има за цел да ја освои лигата на шампиони, исто како и јас

Нашиот женски ракометен шампион четврта сезона ќе биде дел од лигата на шампионите. После трите последователни бронзени медали на завршните турнири, оваа сезона се надеваме дека со новите засилувања ќе ја оствариме посакуваната цел. Во тоа треба да помогне и левото крило Тамара Мавсар која од новата сезона ќе ја гледаме во црвено-црниот дрес. Се работи за играч кој настапува ... Read More »

Лакрабер ги пропушта контролните натпревари со Ларвик

Ќе се одложи дебито на француската репрезентативка, Александра Лакрабер во црвено-црниот дрес. Така велат информациите од Франција, според кои Лакрабер ќе мора да паузира во наредните 30 дена поради повреда на рамото. Таа се повреди на последниот меч од олимписkите игри во Рио и тоа во големото финале, кога нејзината селекција беше поразена од Русија. Дополнителните медицински прегледи покажаа дека ... Read More »

Ива Јаковчевска: “Јуниор Лигата“ ми помогна да се искачам една скала погоре и да бидам дел од ракометниот клуб на Вардар

Зад нас е првата успешно реализирана година од големиот ракометен проект на машкиот и женскиот црвено-црн колектив вардаровата “Јуниор лига“. Во истатата се натпреваруваат дечињата во машка и женска конкуренија во повеќе возрасни категории од вардаровите регионални ракометни школи. Школите учествуваат со свои екипи во оние генерации каде имаат доволно играчи за составување тим, а во одредени генерации каде има ... Read More »

Вардарки на 14-ти октомври во 20:30 часот ја започнуваат новата “одисеја“ во лигата на шампиони

Европската ракометна куќа ја одреди саатницата на одигрување на првиот натпревар на ЖРК Вардар во лигата на шампионите. Избраничките на Индира Кастратовиќ новата сезона во најголемото ракометно натпреварување ќе ја отворат на 14-ти октомври (петок) со почеток од 20:30 часот. Противник во првото коло ќе ни биде Унгарскиот вицешампион, екипата на ФТЦ Будимпешта. Точно утвреден се уште три термини на ... Read More »

Сандра Јовевска: “Јуниор лигата“ ми овозможи да го исполнам својот сон и да заиграм за ракометниот клуб Вардар

Проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, земаа учество во ... Read More »

Кастратовиќ: Тоа што Вардар победуваше со голема разлика против екипи што некогаш биле европски шампиони немора ништо да значи

Изминатиов период Вардарки учествуваа на турнирот “Винко Кандија“ на кој го освоија првото место. Совладани беа екипите на Подравка, Хипо и Крим Меркатор. По завршување на турнирот беа доделени и наградите за најдобри поединци. Ина Суслина беше прогласена за најдобар голман, Тамара Мавсар за најдобар стрелец, додека МВП беше Андреа Пенезиќ. Шефот на стручниот штаб, Индира Кастратовиќ во изјава за ... Read More »

Започна регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на ФК, РК и ЖРК Вардар

vardarfans pas kartica

Од вчера започна продажбата на сезонски карти за мечевите на ракометните и фудбалскиот клуб на Вардар во новата натпреварувачка сезона. Со таканаречената Вардар Пас картица ќе можете да ги проследите сите натпревари оваа сезона на нашите три екипи. Во однос на настапите на РК и ЖРК Вардар во лигата на шампионите, новата Вардар Пас картица се однесува на мечевите од ... Read More »

Состав на пионерките на РК Вардар во натпреварувачката сезона 2016/17

gh

Пионерките на ракометниот клуб Вардар од 7-ми август започнаа со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Првата недела се работеше на физичка подготовка и се трчаше покрај кејот на Вардар. Потоа се продолжи со тренинзи во спортско рекреативниот центар Кале. Секој ден по два тренинга, еден утрински и пладневен кој го одржува Шпанскиот стратег, Раул Гонзалаес. Тренери на екипата ќе бидат ... Read More »

(ВИДЕО) Вардар ТВ – Маја Трпковска и Марија Прленда

14088832_10207192032821345_1820044239_n

Освојување на вице-шампионската титула и што подолго останување во Купот Челинџ, е главната задача за екипата на Вардар СЦЈС. Нашиот втор тим тренираше  во Скопје по што замина за Маврово на базични подготовки. Екипата на вардаровиот црвено-црн магазин “Вардар ТВ“ сними изјави на две ракометарки на овој колектив: Маја Трпковска и Марија Прленда. Во продолжение погледнете го видеото. Read More »