Thursday ,03 July 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 327)

ЖРК Вардар

Во сабота почнуваат суперлигашките предизвици за РК Вардар јуниор и ЖРК Вардар СЦЈС

Ракометната Супер лига во престојниот викенд ќе го има своето отварање во двете конкуренции машка и женска. Првите тимови на РК Вардар и ЖРК Вардар нема да настапуваат во разигрувањето се до плеј-оф фазата, но затоа тука се двата млади сениорски колектива вторите тимови на црвено-црните во двете конкуренции кој стартуваат со мечеви. Машкиот тим РК Вардар Јуниор и тимот ... Read More »

Александра Коловска: “Јуниор лигата“ е голем проект кој овозможува на сите деца здраво да се развиваат и да го сакаат овој спорт

Големиот проект на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор лигата“ ги исполни првобитните очекувања на сите школи кои во дебитанската сезона кои беа дел од оваа лига, а ги имаше повеќе од 20-сетина кои се натпреваруваа во различни возрасни генерации. Целта на еден ваков проект е да се зголеми интересот на младите за ракометот и секако најдобрите да бидат дел од младинските ... Read More »

Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар

Руската интернационалка, Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар. Оваа вест преку својата официјална страна ја соопшти клубот, според која двете страни спогодбено го раскинале договорот. Ихнева играше две сезони во Вардар и на два пати ја освои двојната круна во Македонија и бронзениот медал од лигата на шампионите. Во најголемото ракометно натпреварување постигна 41 гол во црвено-црниот ... Read More »

Лајпциг го пополни останатото место во групната фаза на ЛШ каде ќе игра ЖРК Вардар

Екипата на Лајпциг од Германија ќе биде последниот противник за Вардарки во групната фаза на лигата на шампиони. Ова е епилогот од квалификацискиот турнир, на кој во финалниот меч, Лајпциг беше поуспешен од екипата на Хипо. Резултатот на овој дуел гласеше 32:30. Најзаслужна за победа на Германките, беше полската репрезентативка Каролина Кудлач која постигна 9 гола. Со овој противник игравме ... Read More »

Камила Херем: Дојдов во Вардар за да ја освојам лигата на шампиони

ЖРК Вардар во новата сезона ќе има и скандинавски “шмек“ во името на Камила Херем, која ќе биде првата ракометарка од Норвешка која доаѓа да игра во Македонија. Нејзината биографија е полна со медали од европските и светски првенства на репрезентативен план, како и освоени први места со екипите во која настапувала. Во интервју за официјланата страна на клубот, Херем ... Read More »

Среќен роденден Сара Ристовска

Денес својот 20-ти роденден го прославува десното крило на ЖРК Вардар и Македонската репрезентативка, Сара Ристовска. Ова ќе биде втора сезона за Сара во црвено-црниот дрес, откако дојде од екипата на Металург. Нашата редакција и посакува многу здравје, среќа и успех на професионален план. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН САРА ! Read More »

Сергеј Самсоненко го честита “Денот на независноста” на македонските граѓани

Денес Република Македонија го одбележува 8-ми септември, денот кој е круна на борба на многу генерации за македонска држава. По тој повод почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Самсоненко, кој истовремено е и сопственик на сите три клуба на Вардар, на сите македонски граѓани им го честита Денот на независноста: Во мое, но и во името на ... Read More »

Александар Таневски: “Јуниор лигата“ е неопходен проект во делот на натпреварувањето, кој нуди одлична можност за напредокот на децата кои се занимаваат со ракомет

Пред нас е првата сезона од ракометната “Јуниор лига“ , а полека се ближи почетокот на новата натпреварувачка сезона. Се повеќе се зголемува интересот на ракометните школи да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар кој им ги нуди сите услови за функционирање на лигата на највисоко можно ниво. Добрата и беспрекорна организација е препознаена од многу ... Read More »

Распоред за мечевите во младинската лига на ЖРК Вардар, стартуваме со дерби меч против Металург

Младинките на ракометниот клуб Вардар во новата натпреварувачка сезона 2016/2017 ќе стартуваат со мечевите  во средината на идниот месец односно на 15 или 16 октомври. Тие сезонава ќе бидат предводени од тренерот Анжела Платон, додека нејзин помошник ќе биде Александра Кузмановска. Екипата ќе ја сочинуваат ракометарки кои во изминатаа сезона настапуваа како младинки и поголем дел од играчите ќе бидат ... Read More »

Викторија Димитриевска: “Јуниор лигата“ како проект ни овозможи заедно со мојот клуб да напреднеме тимски, во новата сезона очекувам успеси со Вардар

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, земаа учество ... Read More »