Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 325)

ЖРК Вардар

Сара Симоновска: “Вардар јуниор“ лигата е одличен проект кој им овозможува на децата да го покажат својот талент

Наскоро ќе почне втората сезона од ракометната Јуниор лига,  дечињата кои лани настапија во првата сезона и ја почуствуваа магијата на истата со нескриена желба ја очекуваат повторно бидејќи тоа за нив е посебно доживување. Во првата сезона настапи во лигата и младата Сара Симоновска која тренира и игра ракомет во една од најдобрите школи кои се дел од проектот ... Read More »

Прво видео интервју со Мајса Песоа , новата голманката на ЖРК Вардар

Погледнете го првото видео интервју дадено за магазинот Вардар ТВ на бразилката  Мајса Песоа. Таа  новата голманката на ЖРК Вардар која дојде во нашите редови од шампионот на Европа за измината сезона 2015/2016 тимот на Букурешт. Повеќе ќе може да погледнете во следното интересно видео. Read More »

За подготовки на женската сениорската репрезентација повикани 9 вардарки

Македонскиот селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија и тренер на ЖРК Вардар СЦЈС ракометниот стручњак Симе Симовски го објави списокот на црвено-жолти ракометарки повикани за подготовките. Истите ќе се реализраат  во рамки на ЕХФ неделата (03.10-09.10.2016) за квалификациските натпревари за СП 2017 година што ќе се игра во Германија. Според планот за оваа ЕХФ неделата нашата женска репрезентацијата својот ... Read More »

Вардар СЦЈС трга во победничка низа, следен предизвик ЖРК Куманово

Избраничките на Симе Симовски веќе одиграа две кола во женската ракометна Супер лига, во кој имаат половичен успех, една победа и пораз. Тие годинава ја бранат вицешампионската позиција од измината сезона во единствената женска ракометна конкуренција во земјава. Викендов на програмата е треттото коло од суперлигашката конкуренција кај дамите во истото гостуваме во Куманово кај истоимениот женски ракометен клуб. Младите ... Read More »

Ана Звездакоска: “Јуниор лигата“ е одлична идеја која ќе допринесе за полесно откривање на талентираните ракометари

Откако на чело на ракометните црвено-црни клубови дојде рускиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко многу работи тргнаа во позитивна насока. Покрај тоа што добивме спортски центар “Јане Сандански“ каде сите потреби се задоволени на првотимците станавме единствен клуб кој има сала на располагање само на младите категории, а тоа е С.р.ц “Кале“. Сепак тоа ни одалеку не беше се клубот реши ... Read More »

Андреа Седлоска: Задоволна сум од нашата игра и победата на овој прв натпревар во новата сезона

Со победа стартуваше новата сезона за кадетките на Вардар во лигата, кои беа подобри од екипата на Вардар-Неготино. Уште од првата минута на натпреварот имавме водство кое се повеќе се зголемуваше како одминуваше мечот. На полувреме му дозволивме на противникот да постигне само пет гола, напротив 22 погодоци за Вардарки. Уште во овој дел од играта беше јасно кој ќе ... Read More »

Анастасија Нелоска: Колективната игра на нашата екипа беше пресудна за високата победа

Кадетките на РК Вардар СЦЈС со победа ја започнаа новата натпреварувачка сезона. Тие во првото коло за противник ја имаа екипата на Стружанка, која ја совладаа убедливо со резултат 25:14. Пресудна беше добрата одбрана која ја пружија избраничките на Анжела Платон, дозволувајќи на противникот да постигне само четири гола во првото полувреме. По првиот дел имавме исто така убедливо водство ... Read More »

(ФОТО) Избраничките на Драгана Пецевска , кадетките на Вардар триумфално ја почнаа сезоната

Вчера во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одиграа двата деби дуели на кадетките на Вардар. Во двата остваривме победа во првото коло.  Во група 1, екипата на Вардар со 33-12 го победи тимот на Вардар Неготино, а во група 2, Вардар СЦЈС беше подобар од Стружанка и славеше со 25-11 (види). Покрај победата на Вардар СЦЈС која беше висока, уште ... Read More »

Вардар СЦЈС во второто полувреме го “реши“ Овче Поле

vardarfans belmezova

Вчера втора екипа на женскиот црвено-црн ракометен колектив Вардар СЦЈС  одигра прв лигашки дуел дома со  гостинки од Свети Николе екипата на Овче Поле. Во еден тесен дуел во првиот дел и супериорен во вториот дел,   трите бода останаа во Скопје. на мечот во “Јане Сандански“ остваривме  триумф  од 37-22 (15-11). На почетокот  тргнавме со два гола во мрежата на ... Read More »

Кадетките на Вардар СЦЈС триумфално ја стартуваа сезоната

Денес стартуваше  кадетската лига за ракометарки организирана од ракометната федерација на земјава. Црвено-црниот женски колектив сезонава ќе настапува со две екипи во истата конкуренција со цел повеќе девојки да бидат вклучени во натпреварувачки процес во оваа старосна категорија. Екипата на Вардар СЦЈС се сретнаа Стружанка на дуел во  сала “Кале“. Девојките на Анжела Платон кадетките на Вардар СЦЈС на мечот  со Стружанка ... Read More »